• Latest

Опрема за училишни кабинети

March 22, 2021
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Опрема за училишни кабинети

March 22, 2021 13:18
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Еден кабинет по анатомија, еден за забен техничар и еден по хемија добија опрема од проектот „Јакнење на малцинствата и специфични групи за промовирање на партиципативна демократија на ниво на заедница II фаза“ кој е  поддржан од од  ifa/Zivik Федерална Канцеларија за надворешни работи на Сојузна Република Германија, кој го реализира Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп.

За кои средни училишта станува збор, за каква опрема станува збор и што значи таа за овие училишта од изјавите на претставници на некои од средните училиштата вклучени во проектот.

Драган Јаневски – директор ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово

Тргнувајќи од старата кинеска поговорка: слушам и заборавам; гледам и паметам; работам и знам; како една од позначајните цели за осовременување на наставниот процес во ОСТУ„Наце Буѓони“ Куманово е опремувањето на постоечките кабинети со дидактички нагледни средства за поквалитетно изведување на наставата по стручните предмети од здравствената струка. Но, особено задоволство е дека таа цел се совпадна  и со потребата и иницијативата на учениците кои учествуваа во проектот. Голема благодарност до Центарот за граѓанска иницијатива кои овозможија остварување на оваа идеја. Наставниците кои предаваат стручни предмети од здравствената струка потврдија дека добиените нагледни средства: моделот на срце, торзо и женска карлица  овозможуваат да им се приближат наставните содржини на учениците и да го направат учењето интересно а совладувањето на знаењата полесно. Особен предизвик на оваа време е  изнаоѓање на креативни начини, преку снимање на видео содржини нагледните средства  да се вметнат и во наставата на далечина.

Поради настанатата ситуација дел од практичната настава се реализира во училиштето за таа цел особено е значајно добивањето на количката  за инструменти и терапија која со останатите нагледни средства во училиштето  ги доближува учениците  до реалните работни средини и помага  учениците да се  стекнат со соодветните вештини согласно целите на предметот практична настава и ја развива нивната мотивираност и љубопитност – истакна Драган Јаневски – директор ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово.

Виолета Георгиjева – професор СОУ „ Јане Сандански“ – Штип

Нашето училиште е вклучено во активностите на проектот “Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата фаза II”, кој го релизира Центар за граѓанска иницијатива- Прилеп, а кој е поддржан од ifa/Zivik федерална канцеларија на Сојузна Република Германија.

Преку соработката во овој проект за кабинетот за забен техничар се обезбедија следниве инструменти : 1. Електрично ноже за моделирање во восок; 2. Артикулатор со средна вредност; 3. Мерач за метал. Очекувани резултати од дополнување со опрема и инструменти  учениците ќе се стекнат со знаења во делот на практичната настава, целосно остварување на   целите и задачите од воспитно-образовниот процес, мотивирање на идните генерации за интерес кон овој профил, образување и оспособување на кадар конкурентен на пазарот на труд, зголемување на заштита при работа и намалување на ризиците од повреда – изјави Виолета Георгиjева – професор СОУ „ Јане Сандански“ – Штип.

Дарко Ристески – професор СОУГ „Мирче Ацев“ – Прилеп

Учениците со моја поддршка го изработија проектот „Лабораторија“. Целта на овој проект беше да се збогати знаењето по предметот хемија токму преку практичната настава, со обновување на лабораторијата.

Реализацијата на овој проект донесе набавка на хемиски препарати (потрошен материјал во хемиската лабораторија- потребен за експерименти), платинска игла, дезинфекциони средства (за чистење на лабораторијата по завршување на работата) и прочистувач на воздух, кој е потребен за лабораторијата.

Обновата на лабораторијата е од огромна важност за училиштето и пред сѐ за учениците и професорите по предметот хемија, бидејќи тоа значи зголемен број на часови по практична настава по предметот хемија и збогатување на знаењето од оваа област.  Придобивката е од значајна важност и за професорите и за учениците кои ќе имаат поголема можност теоријата да ја надополнуваат со пракса.

Учениците научија како да пишуваат проекти, но и како да реализираат, а на своето училиште му донесоа нова опрема- вели професорот во СОУГ „Мирче Ацев“ – Прилеп Дарко Ристески.

Доопремувањето на кабинетите во овие три училишта е резултат на активност на учениците кои беа вклучени во Младинскиот летен камп која се одржа во Охрид во август минатата година. Всушност таму учениците научија како да подготвуваат проекти и секоја група подготви по 3 апликации. Потоа учениците си организираа систем на гласање во своите училишта и избираа приоритетен проект. Во рамките на проектот имаше средства за поддршка на овие проектни идеи. Всушност учениците преку оваа активност имаа можност да ја лоцираат потребата, да подготват проекти, да ги дадат на процес на оценување, а потоа да следи и процесот на реализација.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    239 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    172 shares
    Share 69 Tweet 43
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ