• Latest

Собранието расправаше за измени и дополнувања на Законот за мобинг

April 6, 2021
Од јавниот собир за Кочани во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Утре протест во Скопје: Шест месеци од трагедијата во Кочани

September 15, 2025
Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

September 15, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

September 15, 2025
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието расправаше за измени и дополнувања на Законот за мобинг

April 6, 2021 15:34
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска ја продолжи 30. седница на чиј дневен ред се повеќе предлог-закони по скратена постапка, меѓу кои и законите за употреба на знаковниот јазик, измените и дополнувањата на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување. Претседателот на Собранието Талат Џафери соопшти дека гласањето на законите дополнително ќе се изврши, бидејќи нема доволен број пратеници за одлучување.

Во фокусот на седницата беше Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за заштита од вознемирување на работно место, по скратена постапка. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека целта на предложениот закон е усогласување со новиот закон за прекршоци и новиот закон за инспекциски надзор. Тие посочија дека случаи на вознемирување на работно место или мобинг стануваат се позачестени во земјава, а заштита од нив, како што велат, никако да излезе на виделина. Според нив, правдата е далечна и не е еднаква за сите, а се уште има директори, градоначалници, раководители кои вршат вознемирување врз вработените. Како примери ги наведоа случувањата во Општина Лозово, случајот со вознемирување полицајки во МВР… Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека низ државните институции , општините и низ компаниите има мобинг.

Ангелинка Петкова од ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека вознемирувањето на работното место претставува сериозен општествен проблем, а иако има закон за заштита од вознемирување, тој не се спроведува.

Жаклина Лазаревска од СДСМ рече дека како парламентарно мнозинство ги поттикнуваат сите вработени да го пријавуваат секое вознемирување, врз нив како личност и како загрозување на работното место. Додаде дека бројот на пријави е зголемен, луѓето се ослободени и веруваат дека институциите ќе можат да им помогнат.

Според Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ, вознемирувањето на работно место е сериозен општествен проблем и треба сериозно да се третира.

Пратениците посочија дека проблемот е општествен, многу сериозен и треба секоја прилика да се користи за негово актуелизирање. Легислатива, доверба во институциите, да ја зајакнат својата доверба, дека го има и во приватните компании.

Претседателот на Собранието Џафери даде пауза до 15:30 часот.

На дневен ред на седницата се повеќе предлог-закони по скратена постапка, меѓу кои законите за практикантство, за волонтерство, за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување, за вработување на инвалидни лица…

Со „европско знаменце“ на дневен ред денеска е и Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за квалитетот на амбиенталниот воздух, во прво читање. На 30-тата собраниска седница се и неколку предлог-закони во прво читање, меѓу кои за изменување на законите за спречување на насилство на спортски натпревари, за земјоделско земјиште, за планински патеки, за заштита од бучава и за животна средина.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Хаотично заебавање

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ