• Latest

Шекеринска – Секизкок: Турската донација – доказ на долгогодишно пријателство меѓу две членки на НАТО

April 27, 2021
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шекеринска – Секизкок: Турската донација – доказ на долгогодишно пријателство меѓу две членки на НАТО

April 27, 2021 12:44
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и турскиот амбасадор во нашата земја Хасан Мехмет Секизкок денеска присуствуваа на примопредавањето на турската донација, влечен воз – транспортер на тенкови, оклопни транспортери и механизација, за потребите на Армијата. Примопредавањето се изврши во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.

– Овие денови сме сведоци на многу силната соработка во делот на одбраната и воената поддршка меѓу Република Северна Македонија и Турција. Тоа е резултат на долгогодишно сојузништво и пријателство. Тоа е резултат и на нашата заедничка цел како членки на најмоќната воено-политичка алијанса, да обезбедиме сигурен регион, сигурна трансатлантска регија и исто така, да обезбедиме продолжување на пријателските односи меѓу нашите народи, истакна министерката Шекеринска.

Таа нагласи дека ова е еден дел од поддршката која години наназад Република Турција и ја дава нашата Армија.

– Можевте да видите дека во последните години оваа поддршка станува поинтензивна и се трудиме да стане повидлива, токму за да знаат и македонските и турските граѓани дека сериозно работиме на нашите одлични односи во делот на одбраната, рече Шекеринска.

Таа изрази задоволство што денеска заедно со турскиот амбасадор во касарната во Петровец се на примопредавањето на турската донација т.н. влечен воз.

– Овој влечен воз ќе стане многу важна опрема на нашата армија, бидејќи ќе ги обезбеди сите предуслови неопходни за нашата логистика, особено за транспортот на нашите единици. Со овој влечен воз, кој е произведен во Република Турција, кој ја покажува и силата на одбранбената индустрија кај нашите пријатели, ќе обезбедиме целосен сигурен и ефикасен транспорт на многу наши единици и опремата која ја користат, истакна министерката за одбрана.

Таа објасни дека на овој начин ќе се постигнат неколку цели – Армијата ќе биде дополнително опремена, ќе се обезбеди многу поголема мобилност и брзина во реакцијата. Министерката како пример посочи дека на Криволак се присутни многу инженериски машини кои ги поседува Армијата.

– Доколку е потребно некоја од машините итно да биде транспортирана во Скопје или во кој било дел од нашата држава, со овој влечен воз го решаваме прашањето на транспортот. Со ваквиот транспорт обезбедуваме подолг век на нашите машини, кои нема да се движат по пат и ќе бидат на најсоодветен начин транспортирани. Но, исто така, ги чуваме и нашите патишта од посериозни оштетувања, рече Шекеринска.

Таа потенцира дека влечниот воз е многу важна алка во градењето на нашите одбранбени НАТО капацитети.

Турскиот амбасадор Хасан Мехмет Секизкок на денешното примопредавање на донацијата влечен воз, потенцираше дека Северна Македонија е многу значаен партнер за Турција на Балканот.

Целта е, како што посочи тој, со заеднички напори да се унапредат заедничките повеќедимензионални односи во сите области.

Амбасадорот истакна дека Турција како меѓународно реномирана земја со акумулирани вредности во областа во одбранбената индустрија, ќе продолжи и во иднина да ја поддржува нашата држава преку пренесување на свое искуство и квалитет.

– Велиме дека со зачленувањето на Северна Македонија во НАТО уште повеќе ќе се зајакне нашата воена соработка и ова го реализираме со конкретни чекори. Ќе продолжиме и во иднина максимално да ги искористуваме можностите за соработка од областа на одбранбената индустрија. Преку взаемните посети од највисоко ниво кои ќе се реализираат во билатерална рамка, ќе се утврдат нови проекти и области, кои уште повеќе ќе ја унапредат нашата соработка во областа на одбранбената индустрија, рече амбасадорот Мехмет Секизкок.

фото: МИА

Тој нагласи дека иднината на воената соработка помеѓу Турција и Северна Македонија ќе биде светла.

– Нашиот сојузник Северна Македонија во согласност со обврските кои произлегуваат од членството во НАТО и во посакуваната цел за модернизација, презема значајни чекори за исполнување на потребите на Армијата. Турција ќе продолжи да стои покрај Северна Македонија, потенцира амбасадорот Мехмет Секизкок.

Од Министерството за одбрана појаснуваат дека возилото е наменето за безбеден транспорт на тенкови, оклопни транспортери, механизација контејнери, во најтешко совладливите теренски и временски услови.

„Влечниот воз“ е наменет за пренос на возила на тркала или на гасеници, кои ако се возат на асфалтни патишта сериозно ќе ги оштетат пневматиците или гасениците, како и патот на кој ќе се движат. Употребата на влечен воз исто така заштедува гориво, ја одмара посадата и ги продолжува работниот век на возилата кои се пренесуваат.

Возилото е компатибилно со НАТО стандардите и располага со висок капацитет за носење и влечење.

Од Министерството додаваат дека договорот е во вредност од 640.000 американски долари, со вклучени резервни делови и материјали за одржување за период од една година, како и обука на персонал за управување и одржување на возилото.

Оттаму очекуваат во блиска иднина да следат донации од логорска опрема – шатори но и специјални моторни возила за транспорт на вода, теренски (полски) купатила и перални.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ