• Latest

Царовска: Новиот Закон за учебници не носи социјално раслојување, туку води кон еднаквост

April 27, 2021

Белата куќа го ограничува пристапот на новинарите до канцеларијата на прес-секретарот

November 1, 2025
Илустрација ВИ

Започна гласањето во вториот круг од локалните избори, гласаат болните и затворениците од 32 општини и Град Скопје

November 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на Алсат М

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Царовска: Новиот Закон за учебници не носи социјално раслојување, туку води кон еднаквост

April 27, 2021 19:44
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Новиот Закон за учебници не носи социјално раслојување, туку води кон еднаквост, а прави и исчекор во инклузивноста зашто првпат се воведуваат учебници во аудио верзија и печатени на Брајова азбука, за да бидат опфатени сите ученици, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во врска со дигиталните учебници кои од учебната 2021/2022 година најпрво се планира да бидат воведени во четврто одделение.

Во гостување на ТВ24, Царовска повтори дека училиштата ќе имаат законска обврска да поседуваат т.н. библиотечен фонд на ИТ-уреди кои ќе им ги даваат на реверс на учениците што ги немаат, а обврзани се и да им ги отпечатат дигиталните материјали на околу 1300 ученици кои дома немаат електрична енергија.

Преку Програма на Светска банка, рече, ќе биде обезбеден одреден процент на дигитални уреди што ќе бидат ставени во библиотечниот фонд за  располагање на учениците.

-Одиме со воведување во едно одделение за да може да си ги одмериме силите како систем и држава и да знаеме во која насока се движиме. Затоа што наједноставно е да набавите уреди наеднаш и да не знаете што со нив. Имавме таков проект „Компјутер за секое дете“ за кој се потрошија милионски суми, а на крајот немавме никаква корист од тие уреди, рече министерката за образование и наука.

Посочи дека со донации од компании и со ангажман на локалните самоуправи сега е намален бројот на ученици без ИТ-уреди во однос на  почетокот на учебната година.

-Денес бројката не е поголема од 8000 ученици кои следат настава на телевизија. Тоа не е мал број, но кога тој број ќе го спуштите само за четврто одделение, добивате не повеќе од 3000 ученици коишто треба да се снабдат со одреден уред, а тоа ќе биде со библиотечниот фонд, истакна Царовска.

Податоците за технички неопремени ученици се собираат од терен и секое училиште, како што рече, знае колку такви ученици има.

-Сметам дека проценката нема да биде воопшто тешка и затоа навреме  собираме за да може сите да се вклучат и да обезбедиме точен број на таблети колку што се потребни за четврто одделение за учениците кои имаат потреба од поддршка, додаде Царовска.

Во однос на реакциите и повиците во Фејсбук-група против оваа новина, таа ги повика родителите да не прифаќаат манипулации, нагласувајќи дека реформата е во интерес само на децата кои треба, рече, да совладаат дигитални содржини за да бидат подготвени за дигиталниот свет по 20 години.

Повтори и дека е дезинформација денешната објава на опозицијата дека законот за учебници е повлечен од Собрание, туку по координација со Секретаријатот за европски прашања тој е вратен за да се дополни само делот за усогласување со европското законодавство.

Новите наставни програми според новата Концепција за основно образование ќе почнат да се применуваат од септември само во прво и четврто одделение и наставниот кадар веќе почна да се обучува. Дигиталните учебници, пак ќе се воведат најпрво во четврто одделение и во наредните пет години етапно во сите погорни одделенија. Но, учениците од прво до трето одделение ќе продолжат да учат од хартиени учебници.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ