Актуелниот нон пејпер со право предизвика силна реакција низ целиот регион и осуда од страна на прогресивните сили на Балканот, но и во Брисел и Вашингтон, напиша на својот Фејсбук профил министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
– Заговарањето на нови граници и мапи го подигна алармот во соседството и не потсети дека национализмот никогаш не нуди мирни и конструктивни решенија. Лидерите во регионот, но и ЕУ имаат одговорност да ги донесат вистинските одлуки, пишува Шекеринска на нејзиниот ФБ.
Таа објави дека денеска учествувавла на видео конференцијата на Фридрих Еберт за кооперативната безбедност во Европа и во регионот. Северна Македонија, напиша Шекеринска, стана членка на НАТО и активен придонесувач во безбедноста во регионот.












