• Latest

МОН: Наставата не е замислена да се одвива на компјутери или таблети, се дигитализираат само учебниците

April 28, 2021
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

МОН: Наставата не е замислена да се одвива на компјутери или таблети, се дигитализираат само учебниците

April 28, 2021 22:19
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Од вчера актуелни се некои прашања кои на Фејсбук и на дел од порталите се споделуваат, а се поврзани со техничките капацитети на децата и училиштата за дигитализација на учебниците.  Еве ги одговорите на истите, бидејќи секогаш одговараме и ги разрешуваме дилемите во однос на сите аспекти на реформата.

1. Дали на клупите има приклучок за струја за секое дете? Се сомневам дека и само ова сме способни да го реализираме до септември.

На клупите нема потреба да има приклучок за струја, наставата воопшто не е замислена да се одвива на компјутери или таблети. Се дигитализираат учебниците, не целосно наставата. Во училница најважна е интеракцијата помеѓу наставникот и учениците, а наставата ќе се одвива на тој начин како и досега. ИТ технологијата ќе биде само дополнително помагало во ситуации кога наставните теми го наложуваат тоа. Дигиталните учебници се помагала за учениците кои ќе ги користат за потсетување и пребарување на материјалот, а самите наставни програми ќе се учат и совладуваат на училиште каде учениците ќе поминуваат подолго, но поквалитетно време.

2. На 2-3 одделенија ќе треба барем по еден информатичар, техничко лице за поддршка. Наставниот кадар е далеку од способен да врши ваква поддршка.

Училиштата кои ќе обезбедат уреди согласно планот за обезбедување на ИТ уреди за одредени категории на деца и семејства кои не може да си дозволат пристап до опрема, ќе бидат должни исто така да обезбедат ИТ поддршка за истите. Најголем дел од ученците и децата веќе имаат уреди. За нас е важно да се обезбеди ИТ поддршка за оние семејства кои ќе добијат уреди од училиштата и тоа е веќе во планот.

3. Знаете дека компјутерската опрема застарува за 3-4 години, нели? Ќе трошат по 20-30,000 денари секои 2 години за нови лаптопи.

Дигитализацијата подразбира и одржување на ИТ опрема и обезбедување нова кога е потребно, и тоа е планот за сите оние семејства кои не можат тоа да си го дозволат. Реформата подразбира целосна поддршка во овој процес, на семејствата и учениците.

4. Покрај хардверот, знаете ли колку чинат лиценците за офис алатки, антивирусен софтвер и сѐ друго што треба?

За дигитализација и пристап до дигитални учебници не се потребни дополнителни софтверски лиценци, тие ќе бидат бесплатни за сите.

5. Знаете ли колкав % од учениците кои сега следат online настава пристапуваат од мобилен телефон со МАЛ ЕКРАН КОЈ НЕ Е УПОТРЕБЛИВ ЗА УЧЕЊЕ? Сигурно над 50%. Проверете!

Пристапот до дигиталните учебници и форматите на истите ќе бидат прилагодени за сите уреди, вклучително и мобилни телефони. Сепак, уредите кои ќе се обезбедуваат од страна на МОН ќе бидат со доволно голем екран за непречено и лесно користење на материјалот.

6. Дали знаете дека со ковид кризата и омасовувањето на online работењето од дома лаптопите се дефицитарни, цените се покачени, испораките доцнат? Јас знам бидејќи набавувам за стотици луѓе кои имаат потреба да работат од дома.

Ова е тема за која е разговарано на повеќе владини седници, а консултирани се и големи светски компании од областа на производство и дистрибуција на ИТ технологија, согласно чии ставови, предизвикот не е ненадминлив. Дополнително, олеснителна околност е етапното воведување на промените, така што од септември потреба од електронски уреди за користење на електронски учебници ќе имаат само учениците од четврто одделение, односно 20.000 ученици од кои најголем дел веќе располагаат со уреди. Ова значи дека нема да имаме голема побарувачка на компјутери како што тоа беше случај минатата година. Дополнително, ќе повторам дека за социјално ранливите граѓани овој трошок ќе го преземе МОН.

7. Дали знаете дека компјутер без пристап до Интернет не вреди? Посебно за едукативни цели?

За користење на електронски учебници не е потребен Интернет. Учебникот се симнува на уредот само еднаш и останува додека корисникот не го отстрани. Мултимедијалните содржини кои ќе бидат составен дел од дигиталните учебници ќе бидат достапни и кога уредот не е поврзан на интернет. Интернет ќе биде потребен кога темата од одреден предмет наложува истражување, разгледување на друга мултимедијална содржина и слично и уверени сме дека сите ќе добијат можност да го користат интернетот за такви прилики, или на часот или во домот, соопштуваат од Министрството за образование и наука.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ