• Latest

Николовски: Со Законот за потекло на имот оневозможуваме богатење на грбот на граѓаните

April 30, 2021

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски: Со Законот за потекло на имот оневозможуваме богатење на грбот на граѓаните

April 30, 2021 11:05
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Мора да ја продолжиме и засилиме борбата против високата корупција, мора да ставиме ред во институциите, со Законот за потекло на имот ќе се оневозможи богатење на грбот на граѓаните“, изјави вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски, во вечерашното интревју на емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

Вицепремиерот Николовски посочи дека усвоениот владин План за борба против корупција се надополнува со нови мерки во насока на проверка на нелегално стекнат имот и капитал, како што е проширувањето на опфатот на лицата од администрацијата кои ќе имаат обврска за поднесување на анкетни листови за имотна состојба, изјави за судир на интереси и подготовка на Закон за потекло на имот. За подготовката на Законот за потекло на имот, вицепремиерот Николовски посочи дека е подготвена физибилити студија со поддршка од Советот на Европа, и дека веќе е формирана работна група во која членуваат претставници од сите надлежни инстиуции кои во следниот период започнуваат со подготвка на новото законско решение, кое за прв се воведува во државата.

„Со законот за потекло на имот ќе се оневозможи да се крие богатството, да се изнесуваат пари, да се сокрива и на грбот на граѓаните да се богатат сегашни, поранешни или идни функционери. Во моментов ДКСК може да испитува потекло на имот само на актуелните функционери и што се случува? Функционерите кога ќе дојдат на позиција префрлуваат дел од имотот на други лица, а кога ќе заминат си го враќаат. Затоа што на нив може да им се испитува имотот само кога се на функција, а не и претходно. Затоа тука имаме механизам за враќање назад до 10 години и за проверка на потекло на имот што ќе има широк опфат, за сите граѓани“, рече Николовски.

Воедно, како дополнување на механизмот за борба против корупцијата и криминалот и проверка на нелегално стекнатиот имот и капитал, вицепремиерот Николовски, потенцираше дека ќе се прошири опфатот на лицата од админстрацијата кои ќе имаат законска обврска да поднесуваат анкетни листови и изјави за судир на интереси.

„Не само избраните и именуваните функционери што поднесуваат анкетни листови, туку сите раководни службеници, сите што одлучуваат за правата на граѓаните, сите царински службеници, сите вработени во УЈП и сите останати битни сегменти на општеството на административно ниво, ќе имаат ваква обврска. Граѓаните најмногу се жалат во овој поглед. Да, ние мора да ја продолжиме и засилиме борбата против високата корупција, но мора да ставиме ред и во овие институции. Неретко имаме раководители на одредени сектори кои што имаат акции или удели во фирми кои што се поврзани со нивната работа. Тие треба да одлучат дали ќе работат за граѓаните или во приватниот сектор. На ова се надополнува и Законот за потекло на имот“, изјави Николовски.

Дополнително, а во насока на спречување на префрлање на капитал и спречување на криминал, а како алка која се надоврзува во борбата со криминалот и корупцијата, вицепремиерот Николовски истакна дека веќе е во функција новиот Регистар на вистински сопственици, за што рокот за впишување заврши и се финализираат бројките на впишани правни субјекти .

„До денес се регистрирани над 70 илјади субјекти кои што ги пријавиле вистинските сопственици. Овој регистар оневозможува зделки на фирми од Панама, изнесувањето на богатството во разни острови итн. Мора за секое правно лице да се знаат вистинските сопственици во државата. Овој проект заедно го работат Централниот регистар и Управата за финансиско разузнавања. Јавноста ќе има целосен пристап, ќе може да пребарате и да дојдете до вистинските сопственици кои ги има секоја компанија“, рече Николовски.

Во вечерашното интервју на ТВ 21,  Николовски, ги повика граѓаните да пријавуваат случаи кадешто се сомневаат дека постои корупција.

„Граѓаните со децении се плашеа да пријавуваат корупција и со децении не веруваа дека доколку пријават корупција ќе има некаков резултат. Сега ние ги охрабруваме да го прават тоа и ќе овозможиме системи за пријавување“, рече Николовски, додавајќи дека се подготвува систем за следење на предмети во сите институции, за да се следи дали секаде каде што граѓаните или фирмите поднеле барање што треба да го добијат во законски утврдениот рок, институциите постапуваат навреме, се со цел да нема сомнеж дека се чуваат предмети во фиоки.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ