• Latest
digital learning

Поддршка од наставниците: Промените во основното образование со придобивки за малцинските заедници

May 4, 2021
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Поддршка од наставниците: Промените во основното образование со придобивки за малцинските заедници

May 4, 2021 13:32
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
digital learning

digital learning

Share on FacebookShare on Twitter

Промените кои ќе му се случат на основното образование со почетокот на следната учебна година се добри за целото општество. Она што имавме прилика да го видиме, а видовме многу, имајќи предвид дека целиот процес на конципирање на промените се одвива на транспарентен начин и со учество на сите засегнати страни, се работи за промени кои ги следат глобалните образовни стандарди и треба да донесат квалитет кај нас.

Ова е ставот на наставничката Сарита Јашарова од ОУ „Браќа Рамиз – Хамид“ во општина Шуто Оризари, која изразува целосна поддршка на реформите, вклучително и на дигитализацијата на учебниците.

Таа смета дека, ако дигитализацијата на учебниците не е проблем во многу други земји, тогаш не гледа причина тоа да не успее кај нас, затоа што, како што вели, нашите деца и нашите наставници не се ништо поразлични во однос на учениците и наставниците во тие земји. Вредноста е идентична.

„Од друга страна пак промените ќе донесат придобивки особено за помалубројните етнички заедници во Северна Македонија. Ако во минатото немало интерес или можност да се обезбедат учебници за било кој од другите јазици на кои се реализира наставата, сега тоа е законска обврска. Учебниците стануваат достапни на сите јазици на кои официјално се реализира наставата во училиштата со што учениците се доведуваат до рамноправност во тој дел“, додава Јашарова.

Наставничката по предметот „Јазик и култура на Ромите“ вели и дека дигиталните учебници можат лесно да се ажурираат со податоци, така што повеќе ќе нема застарени учебници, а воедно од голема важност е што тие стануваат инклузивни, достапни во аудио формат, како и печатени на Брајово писмо за учениците со оштетен вид.

Јашарова смета дека иако дел од граѓаните често знаат да дадат отпор кон промени, очекува овие образовни реформи да бидат широко прифатени, затоа што се работи за промени кон подобро и за подобра иднина на децата. / МЕТА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ