• Latest

Продолжение на три собраниски седници

May 5, 2021
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Продолжение на три собраниски седници

May 5, 2021 11:27
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да се одржат продолженија на три собраниски седници – 30-та, 34-та и 39-та. За дел од точките на дневниот ред на седниците е завршена расправата така што се очекува денеска пратениците да гласаат за околу четириесетина закони.

На дневен ред на 30-та седница се предлог на закон за изменување на Законот за употреба на знаковниот јазик, измените и дополнувањата на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за заштита од вознемирување на работно место, измени на Законот за практикантство, измени и дополнувања на Законот за волонтерството, на Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување, измени на Законот за вработување на инвалидни лица, измени и дополнувања на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, сите по скратена постапка, како и Предлог на закон за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија и  Предлог на закон за дополнување на Законот за трговија, по скратена постапка. Исто така на оваа седница се и измени и дополнувања на Законот за аудиовизуелните добра, на Законот за музеите, на Законот за меморијалните споменици и спомен обележјата и на Законот за издавачката дејност, сите по скратена постапка.

На дневен ред на 34. седница се измените и дополнувањата на Законот за прекршоците, на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, сите во прво читање, финансиските планови на МРТ, автентични толкувања и други.

Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу страните на Северноатлантскиот Договор за безбедност на информации, како и повеќе други точки се на дневен ред на 39. седница.

На оваа седница на дневен ред се и одлуки за именување член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, за распишување јавен оглас за избор на здруженија од областа на човековите права, полициското право и правосудството, за објавување јавен конкурс за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија, за јавен оглас за именување на член на Државната комисија за жалби по јавни набавки, јавен оглас за именување член на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, јавен оглас за избор на членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво, јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и за објавување јавен оглас за назначување на претседател и членови на Советот за граѓански надзор.

Пратениците на оваа седница треба да се изјаснат и за Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта, по скратена постапка, како и за Предлог на закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Финансискиот договор КОВИД-19 одговор на Северна Македонија – Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје, наменет за финансирање на мали и средни претпријатија и средно пазарно капитализирани претпријатија, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициона банка и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје и за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од Корона вирусот COVID -19 врз производството, откупот на грозје и винската индустрија, двата по скратена постапка. На дневен ред се и други закони.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ