• Latest

Заев очекува решение со привремената влада на Бугарија, не по секоја цена во ЕУ

May 5, 2021
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев очекува решение со привремената влада на Бугарија, не по секоја цена во ЕУ

May 5, 2021 11:31
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По цена на македонскиот идентитет и македонскиот јазик не ни треба Европска Унија, затоа што ќе бидеме прашина изгубена низ ветрот и кој тогаш ќе влезе во ЕУ? Тоа сме го кажале и досега. Така ги постигнавме и големите договори, штитејќи ја нашата национална посебност – македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Затоа што е тоа право на самоопределување, тоа е чувство и не постои договор којшто го договара начинот како се чувствуваме и каков јазик зборуваме. А тоа е и европска вредност, рече премиерот Зоран Заев во однос на спорот со Бугарија и евро перспективата на земјава.

За пораките од ЕУ и САД, Заев смета  дека тие ни се пријатели  и стратешки партнери кои се тука да разработат креативи и идеи, да споделат со нас искуство и слично, но, нагласи –  наша е одлуката и ние ја носиме.

Иако Бугарија повторно ќе оди на парламентарни избори, тој се надева дека, сепак, може да изнајдеме решение со привремената Влада која ќе ја постави претседателот Румен Радев.

– Затоа што очекуваме, секако, да бидат одговорни политичари со кои ќе можеме да седнеме и да изнаоѓаме решение. Проблемот е нерационален, и мора да најдеме решение. Интерес и на Бугарија е Северна Македонија да биде членка на Европската Унија и да се интегрира во меѓународните организации како што е ЕУ. Тоа е во интерес и на бугарскиот народ, не само на македонскиот. И од тој аспект верувам дека ќе го изнајдеме решението, нагласи Заев.

До решение со Бугарија смета дека треба да се дојде на европски начин на размислување и драго му е, рече, што и Бугарија „признава и кажува дека тие немаат проблем со реалноста за македонскиот јазик и за македонскиот народ“.

-Но велат: „Ајде да ги утврдиме корените“. Ќе ги најдеме и корените ако бидеме паметни на европски начин. Затоа што сите ние сме почитувачи на нашето минато, но сме обврзани да ја креираме нашата иднина. Колку што е можно подобро. Регионот ни е мал и мали ни се земјите и колку повеќе се сплотиме, толку повеќе благодат ќе почувствува народот, истакна Заев одговорајќи на новинарски прашања при посетата на Ресен.

Посочи дека и двете страни,  македонската и бугарската, прифатиле дека имаме и споделуваме заедничка историја, како што целиот Балкан со векови наназад, а и цела Европа, рече, имаат заедничка историја.

-И тука треба да ги изнајдеме начините. И договорот со Бугарија за добрососедство и пријателство јасно номинира дека Комисијата за историско-образовни прашања треба да ги лоцира токму тие историски периоди, историски личности коишто заедно ќе ги славиме, кои ќе бидат можност да не зближат, да соработуваме уште повеќе, а притоа да не го уништиме достоинството на која било од двете страни. Затоа велам – европски начин на наоѓаше решение, истакна премиерот.

Додаде дека народот од двете земји сака да соработува, а не сака да има причини за кавги, и потврда за тоа е што во изминатиот период е унапредена соработката на институции од секакво ниво.

– Почнувајќи од Македонската радио-телевизија со Бугарската радио-телевизија, нашата МИА со Бугарската информативна агенција, Советот АВМУ, но и други аспекти – имаме повеќе од седум нови бугарски инвестиции во Северна Македонија во последните шест-седум месеци, додаде Заев. 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ