• Latest

Скопје се надева на решение со Софија и со привремената влада, но очекува и ЕУ да покаже сериозност за проширувањето

May 6, 2021
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Скопје се надева на решение со Софија и со привремената влада, но очекува и ЕУ да покаже сериозност за проширувањето

May 6, 2021 09:18
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иако Бугарија ја очекуваат предвремени парламентарни избори на 11 јули, властите во земјава сепак се надеваат дека може да се најде решение за разликите и со привремената Влада во Софија со што ќе се отвори пат за старт на преговорите за членство во ЕУ, но во исто време очекуваат и Унијата да упати порака дека европската перспектива е јасна, предвидлива и остварлива и дека е сериозна кога зборува за проширувањето.

Премиерот Зоран Заев вчера порача дека очекува во техничката Влада на Бугарија да се најдат одговорни политичари со кои ќе можеме да седнеме и да изнајадеме решение.

– Проблемот е нерационален и мора да најдеме решение. Во интерес и на Бугарија е Северна Македонија да биде членка на Европската Унија и да се интегрира во меѓународните организации. Тоа е во интерес и на бугарскиот народ, не само на македонскиот. И од тој апсект верувам дека ќе го изнајдеме решението, нагласи Заев.

Тој сепак потенцира дека ЕУ не ни треба „по цена на македонскиот идентитет и македонскиот јазик, затоа што тогаш ќе бидеме прашина изгубена низ ветрот“.

– Тоа сме го кажале и досега. Така ги постигнавме и големите договори, штитејќи ја нашата национална посебност – македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Затоа што тоа е право на самоопределување, тоа е чувство и не постои договор што го утврдува начинот како се чувствуваме и каков јазик зборуваме. А тоа е и европска вредност, рече Заев.

Според него, до решение со Бугарија треба да се дојде со европски начин на размислување и без да се уништи достоинството на која било од двете страни. – Народот од двете земји сака да соработува, а не сака да има причини за кавги, додаде Заев. 

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров на средба со европратеникот Андреас Шидер, кој е копретседавач со Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија истакна дека е потребно да се упати јасна порака до граѓаните дека европската перспектива на државите од Западен Балкан е јасна, предвидлива и остварлива и дека ЕУ е сериозна кога зборува за проширувањето.

Димитров нагласи дека неодложно е потребно постигнување на консензус за преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ, заради доследно спроведување на одлуката за почеток на пристапни преговори.

– Ги цениме заложбите на Европскиот парламент и вашите лични заложби за што поскоро официјално стартување на пристапните преговори, процес кој мора да се одвива во европски дух, со почитување на европските вредности како основи на процесот. Успехот ќе значи дека и ЕУ ги реализира своите одлуки и ќе даде поттик за продолжување на реформите и јакнење на демократските институции, не само во Северна Македонија, туку во целиот регион. Потребно е да се упати порака до граѓаните дека европската перспектива на државите од регионот е јасна, предвидлива и остварлива и дека ЕУ е сериозна кога зборува за проширувањето, односно комплетирањето на Европа, истакна Димитров.

Шидер на средба со претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека застојот во евроинтеграцискиот процес на земјава поради проблемот со Бугарија, е во спротивност со европскиот дух и дека не треба да претставува пречка за одржување на првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ.

Данскиот министер за надворешни работи Јепе Кофод по завчерашната средба со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, на Твитер објави дека е импресиониран од темпото со кое се одвиваат реформите во земјава, дека таа е добар пример за регионот и дека со нетрпение очекува што поскоро да ги почнеме преговорите за членство во ЕУ.

Портпарол на Стејт депратментот изјави дека САД го поддржуваат членството во ЕУ на сите земји од Западен Балкан и ги поддржуваат сите напори на Европската Унија и на нејзините членки да им помогнат на Северна Македонија и Бугарија полесно да постигнат решение.

– Историскиот Преспански договор покажа дека државите во Западен Балкан се способни да исполнуваат тешки работи, да прават компромиси и да наоѓаат решенија. Убедени сме дека Бугарија и Северна Македонија ќе го направат истото преку преговарање за нивните билатерални спорови надвор од пристапниот процес со ЕУ. САД ги охрабруваат сите напори на ЕУ и нејзините земји членки да им помогнат на страните полесно да го постигнат овој резултат, изјави портпаролот на Стејт департментот.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ