• Latest

ДКСК: Најмногу пријави за непотизам, кронизам, клиентелизам и партиска поврзаност

May 6, 2021
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДКСК: Најмногу пријави за непотизам, кронизам, клиентелизам и партиска поврзаност

May 6, 2021 14:21
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Состојбата со корупцијата е многу сериозна и понатаму постојат ризици од корупција што веќе се нотирани во Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси, на кои укажуваат извештаите од меѓународните институции, изјави Билјана Ивановска, претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), на прес-конференцијата денеска посветена на сработеното во 2019-2020 година, симболично, како што рече, крајот на работењето во старите простории.

Ги нагласи како ризици за корупција изразено политичко влијание, владеење односно не владеење на правото, отстсуство на казнивост, на интегритет како личен и институционален, не доволна транспарентност, како и недоречености во законската регулатива. Правосудните органи, извршната власта, институциите кои одлучуваат во сферата на урбанизмот и Општините, нагласи таа, се сектори што се перцепирани со најголем ризик на корупција, злоупотреба на службена должност и можност за судир на интереси.

– Најмногу се пријавуваат состојби за незаконско вработување, издавање разни дозволи, решенија за градење и слично, концесии, постоење судир на интереси и при донесување судски одлуки. Најгорливиот проблем е во делот на вработување, најголем број пријави повеќе од 30 проценти се однесуваат на процесот на вработување, злоупотреба на дискреционото право на раководното лице. За раководните лица пресуден фактор при избор на кандидатите и интервјуто, не секогаш е успехот и освоените бодови, дотолку повеќе што ниту со закон, ниту со други со подзаконски акти не е уреден начинот на водење интервју преку структурирани прашања и негова еволуација, појасни претседателката на ДКСК.

Во акцинерските друштва, подвлече таа, не се уредени никакви правила и норми за бодирање врз основа на образование, работно исксутво, други квалификации и слично.  Честа пракса, која ДКСК редовно ја потврдува, е менување на систематизациите и прилагодување кон нови работни места, што се креираат и менуваат според квалификациите и видот на образованието потребното работното искуство на соодветиот кандидат.

– Интересен момент е што во ниту еден од предметите ДКСК не наиде на искажан отпор или различен став за вработувањето од страна на членовите УО и Надзорните одбори, како органи на контрола над работењето на одговорните лица. Ова  укажува на фактот за поврзаност и постоење заемен интерес. Овие вработувања во јавноста се препознаени како вработување непотизам, кронизам, клиентелизам, партиска поврзаност, што создава огромно незадовослтво кај граѓаните, чувство на нееднаквост, но и загрозеност на загарнтираното уставно право за еднакви услови и достапнсот на секое работно место, рече Ивановска.

Забележана е и состојба за избори и разрешување на директори на ЈП и АД, што  најчесто се врши по укажување или препорака на основачот, а тоа е најчесто владата или општината.  Како што истакна Ивановска, ретко се земаат предвид условите за разрешување предвидени со законите, а на објавениот оглас за избор на директор, најчесто се јавува само еден кандидат, вообичаено, подвлече, лицето кое однапред е планирано за таа функција.

– Непостоењето правила за креирање работни места и компетенции во ЈП и во АД е проверен начин за вработување лица поврзани со политички партии без разлика на нивната стручност и компетентност и е препознаен како поделба во управувањето со државните институции помеѓу политичките партии од власта, рече меѓу другото претседателката на ДКСК.

Ивановска говореше и за повеќекратно именување за вршители на должност за директори, при што не се почитуваат законите за распишување конкурс за избор на директор, се именуваат без положен испит за директори онаму кај што треба, УО не секогаш распишуваат конкурси и чекаат прво владата да одлучи што треба тие да преземат, не се обезбедува избор на директори низ фер конкуренција врз основа на приложена програма за работа, нема отчетност за вршење на фухкцијата и за трошењето државни ресурси.

– Изборите и разрешувањата многу често се врзуваат со одредна политичка гарнитура, дури постои и реваншизам особено кога локалната и централната власт се од различни политички опции, потенцира меѓу другото Ивановска, додавајќи оти ова доведува до разградување на системот на вредности, на професионализмот и губење на квалитетен кадар.

ДКСК препорачува што побрзо да се донесе Законот за висока раководна структура, кој подолго време е во подготовка.

Како што рече, уште еден феномен е докажување на познавање на странски јазик за раководните лица или директори.

Низ работењето по предметите ДКСК се наметнала и состојбата во урбанизмот и градежништвото, а голем број доставени пријави се за злоупотреба овластувања од страна на лица и институции кои имаат надлежност да издаваат одобренија за градење. По бројните постапувања и обезбедна документација, се укажува, рече таа, на бројни законски слабости кои вешто се користат од страна на заинтересираните инвеститори за остварување на своите цели.

Претседателката на ДКСК информира дека за надминување на сите овие состојби поднесени се околу 58 иницијативи заклучно со 31 декември 2021 година, а најмногу се доставени до владата, потоа до градоначнници, до инспекциски служби, во министерствата за здравство, за  култура, за образование, до Основото јавно обвинителство и други.  По околу 30 проценти од овие иницијативи е постапено, отфрлени се 26 проценти, 31 процент не доставиле одговори, а има уште постапку пред Управен суд, и рокот за одговор не е изминат во седум проценти од иницијативите.

Се препорачува да се почитуваат препораките на ДКСК и на другите независни тела во насока на подобрување на состојбите во сиситемот. Од ДКСК изразуваат надеж дека ќе се обезбеди вработување во јавниот сектор врз база на мерит систем, транспарентност, намалување на политичките или личните влијанија и строго ограничување на дискреционите овластувања. Очекуваат да се зајакнат контролните механизми во однос на ефикасно и ефективно извршување на работите од јавниот сектор, посебно во делот на јавните набавки и издавање разни дозволи, одобренија и лиценци и да се обезбеди поголема независност и професионалност  во органите за спроведување на законите.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ