• Latest

Имаме потреба од јавни, а не владини или политички кампањи во медиумите, вели Заев

May 6, 2021
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Имаме потреба од јавни, а не владини или политички кампањи во медиумите, вели Заев

May 6, 2021 16:07
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Премиерот Зоран Заев вели дека во текот на наредните денови ќе се одржат повеќе состаноци и средби, пред се со медиумските здруженија, но и со здруженијата на медиумски работници, за да се најде начин како да се реализираат јавни кампањи во медиумите.

– Имаме сериозен план и една од темите на кои сме посветени како Влада е како да овозможиме спроведување на кампања од јавен интерес, не, од политички интерес, не од владин интерес – од јавен интерес. Затоа отворивме една дебата и верувам следните денови ќе се одржат доста состаноци и средби, пред се со медиумските здруженија, но и со здруженијата на медиумски работници, со сите чинители да изнајдеме начин како потребата од јавните кампањи, како што сме сега исправени пред кампања од јавен интерес за вакцинација, да ја подигнеме за да може час поскоро да постигнеме колективна имунизација и со тоа да ја совладаме и победиме пандемијата КОВИД -19. Поинаку не можеме, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Но, исто така, додаде тој, во разговорите сакаме да укажеме дека гледаме начин како да ги зајакнеме медиумските работници, како да ги зајакнеме во делот на нивното функционирање, стабилност и независност и новинарите и медиумите генерално.

– Затоа предлагаме варијанта за формирање на фонд за истражувачко новинарство што ќе помогне во идни кампањи за борба против криминалот и корупцијата. Сакаме да продуцираме фонд за нови продукции. Навистина сакаме да гледаме продукции на содржини коишто ги има во светот, а кај нас ги нема – образовни, еколошки или слично. Но, исто така сакаме да овозможиме и спроведување кампањи од јавен интерес. Затоа ќе ги повикаме сите здруженија на медиумски работници, сите здруженија на медиуми, сите експерти во следниот период за да изнајдеме вакво решение затоа што, еве ќе го поставам потенцијално прашањето. Зошто да може ЕУ, зошто да може УНИЦЕФ или ОН да водат кампања од јавен интерес, а државата да не може да води? Може и опозицијата да отвори потреба од некоја јавна кампања, рече премиерот.

Како што нагласи тој, критериумите за тоа мора да бидат јасно мониторирани од медиумските работници, од медиумите сите заедно за да нема политички кампањи, но, јавните кампањи треба да се спроведат.

– Јас на пример не би можел мирно да спијам ако државата не е подготвена да го анимира, информира своето население при евентуални катастрофи, земјотреси, пожари, поплави или слично. Ние немаме начин како. Секаде во светот постојат тие алатки. Затоа сакам да ја отворам вака дебатата за низ дебата да ги изнајдеме решенијата и на крајот коректив да бидат тие што се будното око. Да не ни се случат слабостите од минатото кога буквално со јавни пари се купуваа медиуми, медиумски работници или слично. Не, никако политички кампањи или владини кампањи, освен јасно по пат на критериуми, утврдени кампањи од јавен интерес. Верувам дека сите заедно ќе бидеме одговорни пред донесувањето на вака значајни одлуки, дециден е премиерот Заев.

Тој повтори дека во ниту еден случај никогаш повеќе нема да има владини или политички кампањи, туку само кампањи од јавен интерес.

– Еве доаѓа лето, што ако се случат пожари? Може живот ќе спасите затоа што медиумот не е должен да ја пренесе изјавата на соодветен министер, премиер, претседател или кој било, а должноста на државата е да го анимира или информира населението, а може некогаш да значи и спасување и на живот и на материјални добра. Секаде во светот како што постои. Вториот дел е други видови на катастрофи. Третиот дел важен пред којшто сме сега исправени како да ја доближиме потребата со сите неопходни информации за вакцинацијата до населението во услови кога само 50 отсто од нашето население има позитивен став за вакцинацијата. Како ќе ја победиме пандемијата, како тоа да го направиме, рече премиерот Заев.

Тој нагласи дека единствено што сака Владата е да се исполнат тие цели.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ