• Latest
Петрит Сарачини

Кој и зошто ја убива јавната дебата за сите прашања што ни се важни?

May 17, 2021
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Кој и зошто ја убива јавната дебата за сите прашања што ни се важни?

May 17, 2021 08:14
in АНАЛИЗИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Петрит Сарачини

Петрит Сарачини

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Невозможно е да не се забележи, но подолг период во земјава се случува класично убиство на јавната дебата. Се уништува секоја можност таа да ја оствари нејзината функција, да спротивстави различни мислења и аргументи за прашања што се важни за општеството, и од тоа да произведе консензус и решенија, а не поделби и поларизација.

Замете ги за пример последните дебати. Таа за израелско-палестинскиот децениски конфликт успеа повторно да нè подели. Или, онаа најважната – за вакцинацијата. Или,  дебатата за дигитализација во образованието, за сексуалното образование (пу-пу скраја да е), за медиумските кампањи, за Толковниот речник. Можете да видите во овие дискусии конструктивност, нудење аргументи и решенија, меѓусебно почитување на актерите? Тешко дека ќе најдете таков момент во која било од нив.

Зошто дополнителни јазови, фрустрации, омраза помеѓу различните страни? Секако дека се работи за светски феномен на поларизација, деградирање на јавните комуникации со дезинформации, навреди, пропаганда, говор на омраза…Но, зошто сме ние меѓу покритичните примери во европски, па и светски рамки? Кој ја претвора јавната дебата во оружје за општествена деструкција?

Можеби најпластичен светски пример за тоа каде може да доведе „инвестирањето“ во таква јавна дебата дури и во најразвиените општества се настаните од јануари годинава во Американскиот конгрес. „Рогоњите“ во Капитол Хил симболизираат начин на размислување и живеење што можете да ги најдете денес во речиси секоја земја во светот. Ние истото го видовме и доживеавме на своја кожа на 27 април 2017, 4 години пред вашингтонските настани, на пример.

Да не заборавиме, во тоа време, врските меѓу пропагандата на Трамп и т.н. „фабрики за лажни вести“ во Велес беа обзнанети и во светските медиуми. А такви „фабрики“, кои работат за труење на јавната комуникација во Северна Македонија денес има многу повеќе.

Токму тие се и „мотори“ на деструкцијата во јавната комуникација, што се покренува како лавина после секое пласирање на содржини што немаат врска со вистината, а на кои се налепувааат цели армии на споделувачи и коментатори што ја земаат таа содржина како апсолутна вистина, и се подготвени да колат, бесат и стрелаат за неа.

Се прашувате зошто го прават тоа? Одговорот е едноставен, да не речам прост. За пари и моќ. Секако, од богатите и масни пропагандистички буџети трошките одат за ниските ешалони, а за оние високите – се делат милиони.

А зошто не го прават сето тоа преку борба со квалитет, здрава конкуренција, нудење подобро? Затоа што тоа бара труд, знаење, внимание, стручност. А кога имате луѓе со амбиција, чии капацитети за борба со вистинско знаење, факти, аргументи, идеи, политики, акции се прилично скромни, тогаш за нив е „нормално“ да се прибегне кон други „таленти“ што ги имаат во изобилство. Лаги, навреди, манипулирање, нечесност, злоба, сила…

И така, полека-полека, едно прегласно, деструктивно и насилно малцинство, почнува да го доминира „тивкото“ мнозинство. Човештвото е полно со примери за колосални загуби кога ваквите структури владееле со општествата.

Исто така, добро е познато дека ефектот се засилува до максимум преку добро разработената пропагандистичка машинерија, во мејнстрим медиумите, на интернет, на социјалните мрежи. Наместо дебата, се случува општа врескотница, во која вистината и аргументите се губат во прашината од лаги, дефокусирања, хајки кон неистомислениците. Сето тоа, со надеж дека ќе се покрие голотијата, и ќе се ќари нешто од оние главните околу „трпезата“.

Оваа шема потоа се аплицира на секоја тема. Не се малку луѓето на кои не им е тешко да бидат експерти по сè и сешто. Денес за вакцина, утре за Палестина. За секоја тема, конфронтација и борба за доминација, преку гласно врескање или со помош од „паралелната јавност“ – лажни профили, оркестрирано лајкање, споделување, коментирање. Бидејќи, не е толку битно кој што кажува, туку се бројат – шерови, лајкови, коментари, влијание еј!

Да повториме, зад целата оваа структура, од изворите на оваа жестока пропаганда и деструкција па се до најниските ешалони задолжени за ширење и лајкување, стои само една проста желба за пари и моќ, за личен ќар и ништо повеќе. Коалиција на злите и неспособните, кои во нивната гласност и силување на комуникацијата и молкот на општеството ја гледаат нивната шанса.

Проблемот е во тоа што нивниот личен напредок сакаат да го остварат преку пораз и уништување на цели општества, на оние што вредат и што навистина го носат општеството напред. А како што рекле повеќе умни луѓе во минатото, единствена шанса за овие зли луѓе да ги остварат нивните намери е – ако добрите луѓе молчат и не прават ништо.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ