• Latest
Мила Царовска, министерка за образование и наука/ Фото: Б. Ј. ЦИВИЛ

Царовска: Одговорно тврдам дека реформата се однесува само на подобрување на образовниот систем 

June 7, 2021
Фотомонтажа од скриншотови од Тиме.мк и сајтови, и објава на Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук

Мониторинг на ЦИВИЛ: Манипулативни наслови од руската пропагандна кујна во дел од македонските медиуми

August 27, 2025

24 ЧАСА: Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола, два дена по анализата на ЦИВИЛ; Муцунски бара гаранции од ЕУ за уставните измени; НАТО бомбардери пресретнаа руски шпионски авион

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните за кампањите на партиите и независните – на овие избори нека се мери разумот, а не лажните ветувања

August 27, 2025

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

August 27, 2025
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Царовска: Одговорно тврдам дека реформата се однесува само на подобрување на образовниот систем 

June 7, 2021 20:53
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Мила Царовска, министерка за образование и наука/ Фото: Б. Ј. ЦИВИЛ

Мила Царовска, министерка за образование и наука/ Фото: Б. Ј. ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

„Целиот процес на унапредување на основното образование се води согласно Законот за основно образование, што предвидува концепција за основно образование и ги содржи сите потребни елементи за да може понатаму да се спроведува планот за подобрување на основно образование“, вели министерката за образование Мила Царовска.

“Наставните програми за прво и четврто одделение се подготвени и ќе започнат да се имплементираат од септември#, рече министерката Царовска вечерва во емисијата „Анализа 24“ на ТВ 24, каде за новата реформа во образованието дебатираше со претседателката на Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска и со претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

„Тоа што ние сме научени учебникот да биде единствен извор на информација и знаење е голем проблем за досегашниот образовен систем. Новата концепција предвидува дека истиот тој материјал е еден извор, но истиот треба да се поврзе со други извори, мултимедијални содржини за да знаењето не биде само фактографско помнење на фактите до вчера, а утре веќе не ги знаете, напротив треба да ги поврзе со целиот систем на живеење и постоење на ученикот за да можат да бидат запомнети и искористени понатаму во следните нивоа на образование“, додава Царовска.

Јаневска пак вели дека концепцијата не е Закон, напротив законските решенија што треба да ја поддржат Концепцијата се пуштени во Собрание, но не се донесени, па сите огласи и повици што се спроведуваат се надвор од законските решенија, што и претставува проблем.

„Носење концепција во време на пандемија, кога стресот во образованието е голем, според нас е проблематично, како и тоа што теренот воопшто не е подготвен. Реформите што власта се обидува да ги спроведе со светлосна брзина на неподготвени наставници и учебници, за нас е проблем што во една околина учениците ќе немаат печатени и хартиени учебници“, вели таа.

Јаневска додава дека прва опција за наставниците и учениците во образованието мора да бидат хартиени учебници, додека дигиталните учебници може да се третираат како втора опција.

„Првата опција за децата и за наставниците мора да бидат хартиените учебници. Знаеме колкава е бројката на ранливи категории и тие кои се на раб да станат ранливи во пандемијата и дека тие никако нема да бидат рамноправни во употребна на само дигитални учебници“, потенцираше Јаневска.

Министерката за образование нагласи дека професори од сите педагошки факултети кои се обучувачи на наставниците, заедно со истакнати наставници поминуваат четиридневна обука заедно со професорите од факултетите со цел да навлезат во темата и понатаму најсоодветно да ја одговорат и пренесат на останатите наставници.

-Во моментов се обучуваат 4.000 наставници и тоа во втор циклус, таков тип на обуки ВМРО-ДПМНЕ за 12 години никогаш не организираше и тоа е страшно што Кембриџ е воведена за еден месец со полудневна обука, за разлика од сега кога имате три циклуси по четири дена за да може во септември да се соочат со предизвиците, иако се искусни јас верувам во секој од нив и токму затоа системот на поддршка ќе продолжи и во наредниот период во текот на целата учебна година за да се согледаат сите недостатоци, бидејќи нема совршен систем, посочи Царовска.

Претседателот на СОНК вели дека потребно е власта и опозицијата да го ценат наставникот и сите реформи што се спроведуваат да се направат како што е потребно, не само за наставниците туку и за образовниот процес, со цел да водат кон просперитет.

„Во однос на најавениот штрајк на дел од синдикатот на СОНК, ставен е во мирување по средбата со министерката, откако добивме уверување дека овој проблем ќе се надмине и дека Министерството ќе ја убеди локалната самоуправа за исплата на прекувремена работа на наставниците“, вели тој.

Неделков додаде дека на наставниците не им е тешко да се вклопат во нови услови, напротив тие повеќе ќе ценат доколку им бидат обезбедени средства и услови за работа, тогаш ќе одвојат и време надвор од работата со цел да им помогнат на децата и родителите.

„Се додека наставниците се платени подпросечно, тоа значи дека местото им е под просекот и апелирам до Министерството и Владата да посветат внимание  на социјалниот статус и мотивација на наставниците“, посочи Неделков.

Во однос на интеграција на предметите, претседателка на Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ вели дека ставот на опозицијата е дека тоа е реформа зад која се кријат и политички мотиви, посочувајќи го Договорот од Преспа и договорот што треба да се постигне во Софија.

„Трагична е потребата на ВМРО-ДПМНЕ да зборува на тема образование и постојано да го поврзува основното образование со друго соседско прашање или надворешно политичко прашање. Јас секогаш сакам да зборувам за факти“, вели Царовска посочувајќи дека досега не постои надворешен договор што бара да се промени содржината на учебниците.

Министерката додаде дека одговорно тврди оти реформата се однесува само на подобрување на образовниот систем  и посочи дека програмата за четрто одделение на тема „Мојата татковина“ ги содржи сите историски моменти што државата треба да ги памти, а учениците треба да ги научат.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ