• Latest

Османи: Амбициозната трансатлантска агенда треба да обезбеди поголема улога на Алијансата во креирањето на долгорочната безбедност

June 14, 2021
Man installing alternative energy photovoltaic solar panels on roof

Македонија првпат добива Методологија за енергетска сиромаштија

September 18, 2025
Фото: ЦУК

Вкупно 25 пожари на отворен простор од кои активни се три пожари, а два под контрола во изминатото деноноќие

September 18, 2025
претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, на прес-конференција во Белата куќа. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Федералните резерви ги намалуваат каматните стапки, предупредуваат за застојот на пазарот на трудот во САД

September 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на
24 Канал

Дмитриј Козак, соработник на Путин кој се спротивставува на војната во Украина, поднесе оставка од функцијата во Кремљ

September 18, 2025
Обожавателите пред студиото на Џими Кимел протестираат против прекинувањето на емисијата. Фото: Скриншот од видео на ВВС

ABC ја повлече емисијата на Џими Кимел „на неодредено време“ по заканата од администрацијата на Трамп

September 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израелските тенкови навлегуваат во една од најгусто населените станбени области во Газа

September 18, 2025
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Амбициозната трансатлантска агенда треба да обезбеди поголема улога на Алијансата во креирањето на долгорочната безбедност

June 14, 2021 13:31
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На самиот почеток на лидерскиот НАТО Самит на земјите – членки на Алијансата, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во изјава за медиуми ги презентираше очекувањата од Самитот, на кој треба да  бидат донесени амбициозни одлуки и да се потврди посветеноста на Алијансата кон трансатлантската врска. Османи зборуваше и за очекувањата за главна тема, иницијативата „НАТО 2030”, чија цел е подготовка на Алијансата за следната декада.

 “Денес е навистина важен, ден не само за нас туку и за целата алијанса. После напорни консултации и неколку подготвителни министерски состаноци на кои лично присуствував, денес во седиштето на Алијансата во Брисел, се одржува самитот на НАТО на кој ќе се заокружат главните насоки за иницијативата НАТО 2030 година. На масата денес е амбициозна трансатлантска агенда која треба да обезбеди поголема улога на алијансата во креирањето на долгорочната безбедност, но и поголема синергија, поголема интеграција на самите земји – членки кога се работи за заедничката безбедност”, истакна Османи.

 Во својата изјава, министерот Османи го истакна значењето што Алијансата го придава на борбата против хибридните закани и преземените натамошни активности за справување со овие современи предизвици, а изрази и поддршка за трансатлантското партнерство како камен-темелник на нашата колективна безбедност .

 “Трансатлантското партнерство останува камен-темелник на нашата колективна безбедност. Денес ќе ги утврдиме насоките за улогата на алијансата во актуелните закани и безбедносни предизвици; но покрај горливите проблеми, ќе бидат дефинирани и насоките за справување со новите современи предизвици како што се хибридните предизвиците. Воедно ќе се постават основи за продлабочена соработка на сојузниците во зајакнувањето на отпорноста, одржување на предноста во технолошкиот развој и поблиска соработка со партнерите”, нагласи Османи.

 Во изјавата, Османи се осврнува и на нашата определба како земја кандидат за членство во ЕУ, како и потребата за зголемена стратешката соработка меѓу НАТО и ЕУ.

“Заокружувањето на Европската Унија со интеграција на Западниот Балкан претставува геостратешка инвестиција за целиот континент. Нашиот придонес во ова партнерство е јасен – и на овој самит ние ќе ја потврдиме нашата определба – ние сме НАТО!”, заклучи Османи.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    240 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    195 shares
    Share 78 Tweet 49
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ