• Latest

Бајрами: Нашата мисија како припадници на Армијата, продолжува со нови предизвици и искушенија

June 29, 2021

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Бајрами: Нашата мисија како припадници на Армијата, продолжува со нови предизвици и искушенија

June 29, 2021 14:57
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

За еден војник и офицер нема ништо повозвишено од тоа да ја претставува својата земја и својата Армија на една меѓународна мисија, како што беше ИСАФ. Подготовките на контингентот за што подостојно претставување на Армијата, нашата земја и нашата култура беа сеопфатни, а во стручниот дел голема поддршка добивме од припадниците на германските вооружени сили стационирани во Косово, вели потполковник Фето Бајрами, командант на првиот контингент на Армијата на Република Северна Македонија упатен во мисија ИСАФ во Исламска Република Авганистан во март 2003 година.

Бајрами во своето обраќање денеска истакна дека предизвикот да се претставува Армијата на државата во тоа време аспирант за членство во НАТО алијансата е огромен, но нивната одлучност, неизмерната работа и обуката се придонес за достојно трасирање на патот за идните генерации кои продолжуваат да бележат успеси на мисиите во Авганистан.

Тој додава дека цената да се сочува и изгради мирот во Авганистан е огромна. Сведочеле на положување на животи на нивни колеги по оружје од другите земји, за што им оддава голема почит, но тоа не било причина да се обесхрабрат во нивните намери и да ја исполнат дадената мисија во поддршка на граѓаните и институциите на Исламската Република Авганистан.

-Денес, после 18 години го живееме сонот кој го мечтаевме во тоа време, а тоа е – нашата држава е членка на НАТО алијансата, а нашата мисија како припадници на Армијата, продолжува со нови предизвици и искушенија, истакна потполковник Фето Бајрами во своето обраќање.

На денешниот настан по повод враќањето на последниот наш мировен контингент од Авганистан се обратија и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска. На настанот присуствуваа и началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски, амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнс и турскиот амбасадор Хасан Мехмед Секизкок, генералите во Армијата и претставници на Воено – дипломатскиот кор.

–Сега и вие и вашите најблиски можете да воздивнете со големо олеснување бидејќи ни се вративте дома живи и здрави. Вие бевте таму во служба на својата земја, но и во служба на народот на Авганистан кој треба да ги ужива истите права што ги имаат и другите народи во светот. Затоа сакам во свое лично име, но верувам и во име на сите наши граѓани да ви искажам огромна благодарност, рече Пендаровски.

Во своето обраќање Шеќеринска им честита на мировниците за напорот, жртвата, одговорноста, ризикот и работата со која ја претставија државата во најдобро светло.

– Нашето денешно членство во НАТО е заслуга на сите над 500 армиски припадници во мисијата „Одлучна поддршка“ и над три илјади во мисијата „ИСАФ“ што започна во 2002 година. Вие бевте не само влезница за сите нас да можеме да ја претставиме државата во НАТО, вие бевте влезницата на Република Северна Македонија да пристапи кон најмоќната воено политичка алијанса, нагласи меѓу другото таа.

По цели 19 години, Северна Македонија ги повлече своите војници од Авганистан, согласно одлуката на сите земји-членки на Алијансата за завршување на мисијата „Одлучна поддршка“. Со тоа заврши и долгото учество на Армијата во мисиите на НАТО – „ИСАФ“ и „Одлучната поддршка“ во Авганистан.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ