• Latest

Словенија го презема португалскиот предлог, унилатералните изјави треба да ги потврдат различните позиции на Скопје и Софија

July 2, 2021

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Словенија го презема португалскиот предлог, унилатералните изјави треба да ги потврдат различните позиции на Скопје и Софија

July 2, 2021 09:55
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Предлогот на португалското претседателство, на кој сега ќе работи Словенија, која од вчера претседава со Европската Унијата е единствениот се уште жив и валиден предлог за решавање на спорот со Бугарија. За прашањето за јазикот и идентитетските атрибути никогаш не е разговарано на билатерална основа и оти тоа прашање единствено го третира предлогот на претседателството.

-Немавме отворено отфрлување од страна на Република Бугарија и затоа го сметаме како единствениот се уште жив и валиден предлог којшто сега се пренесува на новото претседателство. Се разбира, претседателството е тоа што ќе утврди пристап како ќе пристапат двете земји и како ќе го отвори тој дијалог. Меѓутоа, од разговорите што ги имав со мојот колега министерот Логар е дека словенечкото претседателство активно ќе се преокупира со ова прашање со цел да има успех којшто би се крунисал на Самитот којшто го организира Словенија на 6 октомври, истакна шефот на дипломатијата Бујар Османи на прес-конференцијата вчера во Охрид, во врска со можноста од Првата меѓународна конференција во рамките на Преспа форумот за дијалог да произлезат некакви нови можни решенија.

Согласно предлогот на португалското претседателство со ЕУ за решавање на прашањето со Бугарија, а којшто се однесува на јазикот, е тоа прашање, вели, да се реши со две унилатерални изјави, и на Северна Македонија и на Бугарија.

-Од Северна Македонија се очекува само да се потврди фактот дека јазикот е кодифициран во 1945 година, без други формулации. Додека на самата меѓу владина конференција Бугарија би дала своја унилатерална изјава со свои погледи кон јазикот и ние би имале наша еднострана унилатерална изјава, а ЕУ само ќе забележи дека има две унилатерални изјави, односно два различни става во однос на тој процес, рече Османи.

Тој информира дека разговарал со неговиот португалски колега Аугусто Сантош Силва во однос на изјавата на португалската министерка за европски прашања Ана Паула Закаријаш, во која таа наводно тврди дека во минатото македонскиот јазик бил дел од бугарскиот. Силва, рече тој, изразил жалење на начинот на кој што била формулирана изјавата и ја реафирмирал позицијата на Португалија дека нивниот став и по однос на јазикот и по однос на сите други прашања што се дел од спорот со Бугарија остануваат само тие што ги има во пишаниот документ како предлог што тие го доставиле на маса во Скопје и во Софија, но и пред земјите членки и оти нема никаква дилема во тој дел.

– Тоа што можам да кажам е дека португалското претседателство успеа да докаже дека решение постои, дека решението е тука само треба повеќе напори и повеќе разговори, повеќе дијалог, повеќе разбирање на едните и другите за да се дојде до тоа решение, рече Османи.

Министерот за правда Бојан Маричиќ за медиумите на прес-конференција на Преспа форумот изјави дека идејата на унилатералните изјави за некои прашања вклучувајќи го и јазикот, е токму тоа да се укаже дека двете страни имаат различни ставови по одредени прашања, па и тоа за јазикот. повтори дека македонската страна јасно и недвосмислено кажала и во тие изјави и во други дека нашиот јазик постои и пред кодификацијата во 45-та, а декларација е само предмет на разговори.

-Ние од нашата позиција не можеме да отстапиме, за нас е многу важно во рамките на законодавството на ЕУ и во преговарачката рамка да остане формулацијата дека правото на ЕУ се преведува на македонски јазик и во контекст на тоа немаме проблем доколку дадеме унилатерална изјава во која ќе се изнесат факти, но исто така со тоа не признаваме и не знам која е точната формулација, до крај, меѓутоа во никој случај немаме право ниту можност да признаеме дека македонскиот јазик постои од 1945 година. Сигурно дека постои претходно, а е кодификуван 45-та и тоа е прашање на факт, рече Маричиќ.

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во обраќањето на Преспа форум дијалогот „Западен Балкан: Делот што недостига за Европа да биде целосна“, истакна дека неприкосновено право на секој народ е правото на самоопределување и да го одбере јазикот на кој зборува, а прашањето за јазикот и оваа наша борба не е само одбрана на македонскиот идентитет, туку борба за зачувување на европскиот идентитет и вредностите што треба да ги предводи ЕУ.

-ЕУ не е само економски гигант, туку водечки пример во наративот на вредности. Преку Лисабонскиот договор државите-членки на Унијата се обврзаа да ги штитат и негуваат јазичните и културните различности на континентот, така што не е европски ние сега да се соочуваме со пречка што досега беше третирана како прашање од техничка природа, рече Димитров.

Заменик-помошникот државен секретар на САД за европски прашања Метју Палмер на панелот „На патот до подобро поврзан и интегриран регион – Кој е ризикот? Како да стигнеме таму?“, во рамки на првата Меѓународна конференција на Преспа форумот за дијалог, изрази разочараност од повторното одложување на одлуката за старт на преговорите со С Македонија и Албанија.

– Разочарани сме што прашањето за отворање на првите меѓу владини конференции за Северна Македонија и Албанија не беше решено и покрај силното застапување и разумните решенија на португалското претседателство и на силните европски партнери, изјави Палмер.

Палмер подвлече дека тоа влијае и на вложувањата на САД и ЕУ во регионот, а придонесува и за зголемување на скептицизмот и во самиот регион. Воедно, ја повтори неодамнешната изјава на германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, заклучувајќи дека ЕУ мора да застане зад своите обврски кон регионот.

-Ова вклучува унапредување на пристапниот развој на Северна Македонија и Албанија и овозможување визна либерализација на Косово, заклучи заменик-помошникот државен секретар на САД за европски прашања Палмер.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ