• Latest

Од септември настава во училиштата, во план се и две резервни сценарија

July 3, 2021
Фото: АСтра/Х

Украинските дронови погодија две рафинерии за нафта и други цели низ Русија во текот на ноќта, соопшти Генералштабот на вооружените сили

August 28, 2025

Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Кијив

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на АВС7

Егзодус на неподобните здравствените експерти за Трамп: Отпуштена директорката на ЦДЦ, додека други функционери поднесоа оставки од здравствената агенција

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата

August 28, 2025
Фото: Архива

Унгарија ја тужи ЕУ за замрзнатите руски средства што ги користи за помош на Украина

August 28, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Цела ноќ масовен напад на рф врз станбени згради во Кијив, меѓу загинатите има деца

August 28, 2025
Трактор пред Филозофскиот гакултет во Нови Сад. Фото: Скриншот од видео на 021.rs/Х

(ВИДЕО) Утрово мирно пред Филозофскиот факултет во Нови Сад – полицијата сè уште го чува влезот, видливи знаци од вчерашните судири

August 28, 2025
Фото: Скриншот од виедо на ВВС

ФБИ го истражува пукањето во училиштето во Минеаполис како антикатоличко злосторство од омраза

August 28, 2025
Фотографија: СДСМ

Нови 11 кандидати за градоначалници на СДСМ

August 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Од септември настава во училиштата, во план се и две резервни сценарија

July 3, 2021 09:52
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука го објави Планот за одржување на наставата со физичко присуство на учениците во основите и средните училишта во учебната 2021/2022 година и протоколите за постапување на училиштата (основни и средни) во реализацијата на воспитно-образовниот процес по нивното отворање за сите ученици, што се планира од септември.

Но, поради неможноста да се предвиди промената на епидемиолошката состојба во државата, Планот содржи и насоки за уште два модела (сценарија) – за настава на далечина и комбиниран модел, кој ќе важи за учениците од петто до деветто одделение и предвидува нивна поделба во групи – за настава со физичко присуство и за онлајн-настава.

Отворањето на училиштата за сите ученици е првото сценарио за идната учебна година. МОН во Планот укажува дека одлуката за повторно отворање на училиштата во учебната 2021/2022 година го зема предвид фактот дека училиштето е од суштинско значење за образованието и благосостојбата на децата и учениците. Планот објаснува што треба да преземат училиштата за да ги обезбедат потребните мерки за заштита и со тоа да го намалат ризикот од ширење на Ковид-19.

Доколку епидемиолошката состојба во државата е стабилна, наставата ќе се одржува со физичко присуство и почитување на здравствените протоколи за организирање ваков модел на настава. Наставниот час ќе трае 40 минути. секое училиште за пристигнувањето, за заминувањето на паралелките во и од училиштетo, за смените, користењето на големиот одмор ќе изготвува распоред. Планот бара максимално искористување на просторните и кадровските капацитети и задолжителна примена на сите утврдени заштитни мерки.

Протоколите кои се достапни заедно со Планот, утврдуваат прецизни насоки како ќе се организира наставата со физичко присуство – влегување во училиштето ќе биде дозволено само со заштитнa маскa и дезинфекција на рацете за сите вработени и ученици, ќе има редарска служба за контролирање на влезот и излезот и за почитување на растојание и другите мерки, пред влезот во училишниот објект ќе им се мери температура на учениците и вработените, а  забранети се физички контакти т.е. поздравувања. Просториите задолжително ќе се проветруваат по секој наставен час, најмалку половина час пред пристигнување и по заминувањето на учениците, а за време на наставата во училницата, доколку дозволуваат временските услови, ќе се остава отворен прозорец. Во училницата (доколку ги има) ќе се избегнува употребата на уреди за климатизација и вентилација.

И за време на одморите (мал одмор од 5 минути меѓу часовите и голем одмор од 15 до 20 минути) ќе се почитуваат мерките за заштита и е потребно да се намали колку што е можно повеќе физичкиот контакт меѓу учениците. За време на големиот одмор кога учениците се во училишниот двор, задолжително ќе се спроведува чистење на училниците со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско антивирусно средство и задолжително ќе се проветруваат просториите. Учениците од пониските одделенија на основното образование ќе треба почесто да се потсетуваат на мерките за заштита со оглед на фактот дека се запознаваат и воведуваат во почитување на редовните училишни правила.

Според Планот, исклучок од наставата со физичко присуство ќе бидат учениците од ризична група, со  потврда од матичен лекар/педијатар. Тие ќе следат настава на далечина која ќе се реализира во истото време додека наставникот го одржува часот со учениците кои следат настава со физичко присуство.

– Доколку епидемиолошката состојба во државата или во одредени региони или општини се промени и се забележува повторно ширење на вирусот на Ковид-19, Владата по препорака на Комисијата за заразни болести, може да донесе одлука наставата, заради заштита на здравјето на учениците, за учениците од петто до деветто одделение да се спроведе со учење на далечина, се наведува во Планот што го објави МОН.

Во овој случај, наставниот час трае 30 минути час со пет минути приклучување. Наставниците ќе ја реализираат од училница во училиштето со користење на националната платформа. Во исклучителен случај кога во училиштето нема добра интернет-конекција и не може да се обезбеди, наставникот часовите може да ги одржува и од дома. Работниот ден на ученикот што ќе следи настава на далечина трае од три до пет часови (60-минутни) дневно, во зависност од возраста и ќе има одмор од десет минути по секој наставен час или активност.

Третиот модел или сценарио предвидено во Планот на МОН е комбинирање на наставата со физичко присуство и учење на далечина. Тоа нема да важи за најмалите до четврто одделение, кои ќе следат настава во училиште, туку за ученици од петто до деветто одделение. Одделенијата ќе бидат поделени во две групи ученици (физичко присуство и онлајн) кои треба да бидат постојани (непроменливи). Овој начин на настава ќе се воведе доколку епидемиолошката состојба во државата или во одредени региони или општини се промени и се забележува повторно ширење на вирусот, а одлуката ќе ја донесе Владата по препорака на Комисијата за заразни болести.

Средните училишта, пак, согласно просторните можности ќе ја организираат наставата со физичко присуство во една или две смени, со прва смена од 7.30 часот и втора смена од 13.30 часот. Времетраењето на наставниот час е 45 минути. По секој наставен час ќе има мал одмор во траење од пет минути и голем одмор во траење до 20 минути.

Планот на МОН содржи посебни насоки за настава во средните стручни училипта, т.е  за дуалните паралелки и за феријалната пракса, како и за наставата во спортската гимназија и училиштата од уметностите доколку се применува вториот модел т.е. настава на далечина, а и за средните, исто така, е предвиден комбинираниот модел односно поделба на класовите во две групи за следење настава со физичко присуство и на далечина.

Планот со трите сценарија што вчера го објави МОН на својата веб-страница, а кои пред неколку дена ги најави министерката за образование и наука Мила Царовска, содржи и објаснување за постапката за одобрување на настава со физичко присуство за основните и средните училишта во услови кога се влошува епидемилошката состојба и наставата се префрлува на учење од далечина

Во Планот се укажува дека е потребна подготвеност на сите засегнати страни за промена на начинот на наставата и преминување на модел кој во одредена ситуација ќе биде најприменлив. 

Хатка Смаиловиќ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ