• Latest

Заев на Самитот на Берлинскиот процес: Регионалната соработка е основа за поврзување и економски прогрес, а не замена за интеграцијата во ЕУ

July 5, 2021

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
Илустрација ВИ

Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје градоначалник ќе се избира во вториот круг

November 1, 2025

Украина обвинува за „нуклеарен тероризам“ по руските напади врз енергетската инфраструктура

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Молдавија го назначи проевропскиот Александру Мунтеану за премиер

November 1, 2025

Белата куќа го ограничува пристапот на новинарите до канцеларијата на прес-секретарот

November 1, 2025
Илустрација ВИ

Започна гласањето во вториот круг од локалните избори, гласаат болните и затворениците од 32 општини и Град Скопје

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев на Самитот на Берлинскиот процес: Регионалната соработка е основа за поврзување и економски прогрес, а не замена за интеграцијата во ЕУ

July 5, 2021 18:25
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Регионалната соработка е основен фактор за поврзување и економски прогрес, но не е замена за членството на земјите од Западниот Балкан во ЕУ, порача премиерот Зоран Заев во обраќањето на Самитот на земјите од Западен Балкан во рамки на Белинскиот процес.

„За сите нас е несомнено јасно дека само со интегриран и поврзан регион може да се движиме постојано кон нашата основна цел – членство во ЕУ. Имајќи го тоа предвид, од неодамна влеговме во нова фаза на нашата соработка. Имено како регион преземавме на наш товар многу иницијативи и процеси, но исто така испорачавме и резултати“, истакна Заев.

Тој потенцира дека проширувањето на ЕУ претставува стратешка цел за земјите од Западниот Балкан и оти целосната интеграција на Западен Балкан во европското семејство треба да биде природен исход на реформскиот пат на регионот и столб за долгорочен мир и стабилност.

„Се согласивме дека регионалната соработка е основен фактор, а не замена за Западниот Балкан на неговиот пат кон членството во ЕУ. Берлинскиот процес навистина успеа да го придвижи Западниот Балкан во вистинската насока. Особено во врска со регионалната економска соработка. Во овој контекст, гледајќи наназад, кога пред две години решивме да ги намалиме цените на роамингот во регионот, никој не помислуваше дека ќе имаме регион со нула такси за роаминг. Овој историски успех дојде како резултат на долгите преговори, олеснети од Советот за регионална соработка и ЕУ. Сега тоа е завршена работа“, посочи Заев.

Исто така, додаде премиерот, со поддршка на Заедничкиот регионален пазар на Самитот во Софија во ноември минатата година, решивме да работиме на една многу подлабока трансформација на регионална економска интеграција.

„Ние сме посветени повеќе од кога било на спроведувањето на четирите слободи на ЕУ – слободно движење на стоки, слободно движење на услуги, слободно движење на луѓе, слободно движење на капитал, преку усогласување на пристапот кон регулаторната рамка на ЕУ за финансискиот пазар“, истакна премиерот.

Според него, политичката волја и посветеноста на регионалната соработка се резултат на заеднички препознаени интереси кои се однесуваат на развојните приоритети на економија на земјите од регионот и нивно ставање во контекст на регионалниот развој со цел да се создаде регионална економска област, заснована врз заеднички правила и еднакви услови на конкуренција.

Заев исткана дека нашата Влада е целосно посветена на регионалната економска интеграција, што вклучува проширување на Зелените коридори кон соседните земји на ЕУ, усогласување на националното законодавство со правилата и стандардите во согласност со ЕУ и обезбедување можности за компаниите и граѓаните, усогласување на политиките за инвестиции со стандардите на ЕУ, најдобрите меѓународни практики и промовирање на регионот пред странските инвеститори, во областа на интеграција на Западен Балкан во европскиот дигитален пазар и во областа на трансформација на индустриските сектори.

„Заедничкиот регионален пазар е успешен пример за мотивација на регионот да започне нови регионални иницијативи насочени кон приближување на земјите од Западниот Балкан кон внатрешниот пазар на ЕУ. Со спроведувањето на Акцискиот план за заеднички регионален пазар како двигател на економскиот раст за Западниот Балкан, создаваме подобри работни места, поголем избор по пониски цени. Патувањето, студирањето, работењето и водењето на бизнис во регионот е полесно без бариери. Со нашата цел кон интегриран пазар, воведуваме дополнителен раст на БДП во регионот, бидејќи заедно сме посилни, што го прави Западен Балкан попривлечен, поконкурентен и поблиску до пазарите на ЕУ“, истакна Заев.

Тој потенцира оти целта е исто така да се зголеми привлечноста на регионот за странските инвеститори и да се олесни поголемиот прилив на инвестиции преку заедничко задржување на инвестициите, а со регионално усогласување на политиките за инвестиции и подобро координирана промоција на проценките ќе се зајакне значителениот потенцијал на економиите од Западнот Балкан да ја зголемат нивната привлечност за странско директно инвестирање.

„Верувам дека сите шест земји од Западниот Балкан ќе останат целосно посветени на понатамошното спроведување на резултатите за овој Самит во секоја клучна област. Исто така, сакам да им оддадам почит на сите експерти и претставници од администрацијата од мојата земја, од сите други земји на Западниот Балкан и од регионалните институции/секретаријати, кои сѐ и ќе продолжат да бидат ангажирани во работните групи и преговарачки тимови во подготовката на документите и другите бенефити кои произлегуваат од овој Самит. Сите тие завршија одлична работа и заслужуваат целосно признание“, додаде тој.

Заев посочи дека преку исполнување на нашите заложби, наследството на Берлинскиот процес ќе се одржи, развива понатаму и ќе се спроведува.

„Ќе обезбеди постојано политичко ангажирање, со интензивен преглед на усвоените бенчмаркови од страна на Европската комисија, земјите-членки на ЕУ и Германија, особено како нејзин иницијатор, за унапредување на регионалната интеграција во согласност со стандардите на ЕУ и со тоа да се направи пореално ЕУ-инклузивно проширување“, заклучи Заев.

Самитот го отвори германската канцеларка Ангела Меркел која во своето обраќање се заблагодари на целиот регион, на политичките лидери, како и на сите меѓународни институции, Европската комисија и земјите членки на ЕУ кои го потпомагаа овој процес во изминатите седум години.

Покрај премиерот Заев, на Самитот говореа и премиерите на змејите од Западен Балкан, премиерите на Грција, Хрватска, Словенија, Италија и Бугарија, францускиот претседател Емануел Макрон и австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Самитот продолжува со својата работа и во текот на попладнево, по што се очекува да бидат прифатени заклучоците од оваа сесија.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ