• Latest
Премиер на Словенија, Јанез Јанша

Јанша: Северна Македонија и Албанија може да одат напред на следниот Самит ако сите се сконцентрираме на тоа

July 6, 2021
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Јанша: Северна Македонија и Албанија може да одат напред на следниот Самит ако сите се сконцентрираме на тоа

July 6, 2021 13:08
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Премиер на Словенија, Јанез Јанша

Премиер на Словенија, Јанез Јанша

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, одржа прес – конференција по неговото обраќање пред европратениците во Стразбур денеска, и истакна дека можен е напредок во процесот на проширување со Скопје и Тирана во октомври доколку има согласност на земјите – членки, јавува МИА.

Словенечкиот премиер рече дека не ги разбира земјите – членки на ЕУ кои се противат на проширувањето, но смета дека е потребна дебата на темата.

-Постои дилема во Европа дали проширувањето е од стратешка важност или не, рече Јанша.

Тој нагласи дека според него тоа е случај и дека во последните петнаесет години ЕУ не само што не се проширила, туку и е намалена.

Во меѓувреме, додаде Јанша, други сили влијаат врз регионот на Западниот Балкан.

-ЕУ поминува премногу време да одговара тактички на последиците создадени од другите, ЕУ е прекрасна идеја и сакаме други земји да се приклучат, правиме сѐ што можеме да им помогнеме на овие земји да се приклучат, рече Јанша, чија земја на први јули го презема кормилото на ЕУ за шест месеци.

За Словенија проширувањето треба да биде врвен приоритет во Советот на ЕУ помеѓу земјите – членки.

-ЕУ прави големи чекори напред кога се фокусира на нештата, ако проширувањето стане шеста тема на дневен ред никогаш нема да стигнеме до темата, ако ја кренеме темата ќе можеме да направиме конкретни чекори напред, Албанија и Северна Македонија можат да одат напред на следниот самит во октомври ако се концентрираме сите на тоа, Европската Комисија помага, но тоа е политичка одлука, рече шефот на словенечката влада.

Јанша додаде дека тој не ги разбира противниците на проширувањето и изрази надеж дека со дебатите во рамките на Конференцијата за иднината на Европа ќе се отвори таа дискусија.

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, која исто така учествуваше на прес – конференцијата, нагласи дека Западниот Балкан е дел од европското семејство, но дека треба прво да ги оствари потребните реформи и исполни условите.

-Целта е да ги започнеме Меѓувладините конференции со Албанија и Северна Македонија, тоа се многу конкретни чекори, а ние како Комисија поднесовме инвестициски план од 9 милијарди евра за поддршка Западниот Балкан да го развие регионалниот пазар, што е подготовка за приклучување кон заедничкиот ЕУ пазар, изјави фон дер Лајен.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ