• Latest

Царовска: Со Швајцарската амбасада и проектот Е4Е планираме развој на стручното образование

July 13, 2021
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025

Европа зборува, Северна Македонија стои

November 4, 2025
Фото: МИА архива

Извештај на ЕУ: Украина мора да ги забрза реформите за да ја исполни целта за пристапување во ЕУ

November 4, 2025

Пицула предупредува: Одложувањето на политичко решение ја турка Србија кон конфликти

November 4, 2025

Европската комисија денека ќе го презентира пакетот извештаи за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 4, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Царовска: Со Швајцарската амбасада и проектот Е4Е планираме развој на стручното образование

July 13, 2021 14:29
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука заедно со Швајцарската амбасада и со швајцарскиот проект „Образование за вработување во Северна Македонија“(Е4Е@мк) на работилница ги планира активностите за следните пет години за вложување и развој на средното стручно образование во земјава.

Како што соопшти МОН, министерката за образование и наука Мила Царовска на отворањето на работилницата истакна дека концептот на дуалното образование е привлечен за младите затоа што нуди квалитетно образование, а теоретските знаења од училиштето се надградуваат со знаења и вештини што учениците ги стекнуваат на конкретно работно место преку практична работа и за таа цел еден од главните приоритети на МОН е токму унапредувањето на средното стручно образование.

– На овој начин го обезбедуваме кадарот баран од компаниите, но и ја зголемуваме можноста за вработување на младите. Голем напредок во унапредување на средното стручно образование постигнавме со двете фази од „Учи паметно, работи стручно“, преку кој беше креиран конкурсот за запишување на учениците во средните училишта. Ја постигнавме целта целосно да ги вклучиме компаниите во процесот на стручно образование на средношколците, затоа што само така тие не само што ќе ја научат работата, туку и го почувствуваат нејзиниот ритам во реална средина, во самите компании, рече Царовска.

Таа посочи дека во првата фаза, низ интензивен дијалог со локалните самоуправи, училиштата и бизнис-заедницата, МОН ги утврди потребите од отворање на одредени профили и паралелки во секоја од општините и заинтересираноста на компаниите да ги отворат вратите за практикантите. Во втората фаза, во средните стручни училишта низ државата МОН ги промовираше придобивките и можностите кои ги нуди средното стручно образование за младите, за брзо вработување или за продолжување во високото образованиe.

Министерката додаде дека како резултат на овој дијалог на ниво на држава се оформени 97 паралелки во 46 средни училишта кои заедно со над 200 компании од есен ќе спроведуваат концепт на дуално образование, а компаниите беа наведени во конкурсот за запишување во средните училишта.

-Министерството за образование и наука реализираше и целосно нова политика на стипендирање за новата учебна година. Предвидени се 2000 стипендии во вредност од 3.500 денари месечно  за девет месеци во годината за сите кои ќе се запишат во дуална паралелка. Ова е одличен мотив за средношколците додека учат истовремено да имаат и приход, рече Царовска.

МОН во соопштението наведува дека продолжува со креирање и реализирање процеси кои го унапредуваат средното стручно образование и го доближуваат до реалниот сектор.

-Наш приоритет како Министерство за образование и наука е обезбедување квалитетно, но исто така и употребливо знаење, кое ќе им помогне на младите побрзо и поедноставно да го најдат своето место во општеството, соопшти Министерство за образование и наука.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    174 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ