• Latest

ДКСК изгласа предлог за прекршочни мерки за неколку поранешни функционери за неподнесување анкетен лист

July 21, 2021
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДКСК изгласа предлог за прекршочни мерки за неколку поранешни функционери за неподнесување анкетен лист

July 21, 2021 14:14
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 50-та седница оформи постапка за испитување на имотната состојба на поранешен министер, поради утврдување на несразмерно зголемен имот. Исто така, беа изгласани предлози до Комисијата за прекршоци во ДКСК за прекршочни мерки за неколку поранешни и сегашни функционери, поради прекршување на обврската за доставување на анкетен лист за утврдување на имотната состојба.

Овие предмети се оформени врз основа на годишен план за проверка на имотната состојба од 2019 и 2020 година.

Предлог за прекршочна пријава, ДКСК денеска изгласа против поранешна в.д. директорка во здравствен дом, чиј што мандат е завршен на 15 ноември 2019 година, и истата нема поднесено анкетен лист за имотната состојба. Изгласани се предлози за прекршочни пријави против сегашниот в.д. директор на овој здравствен дом, затоа што тој во два мандати нема поднесено анкетни листови, ниту за време на престанок, ниту за избор на функцијата.

На денешната седница утврдено е дека и поранешната в.д. директорка и актуелниот в.д. директор извршиле прекршоци утврдени со членот 82 од Законот за спречување на корупцијата.

ДКСК изгласа и предлог до Комисијата при ДКСК за прекршок против вршител на должност претседател на Основен суд поради недоставување анкетен лист при престанок на функцијата, а предметот по овој случај останува отворен.

Предлог прекршочна пријава е изгласана и против поранешна претседателка на Апелациониот суд во Битола, која е разрешена на 22 јуни минатата година, а нема поднесено анкетен лист за престанок на функцијата.

Претходно таа, иако доцнела четири дена, за именувањето има поднесено лист, па согласно Законот за прекршување, ДКСК нема основ да поднесе прекршочна пријава. Побарани се податоци за членовите на семејството и од податоците нема несразмерно зголемување на имот или непријавен имот.

И за поранешен претседател на Апелациониот суд во Гостивар е изгласан предлог за прекршочна пријава поради неподнесување на анкетен лист за именување на функцијата.

Во однос на анонимна пријава во која се изнесени одредени наводи од електронски медиуми во врска со поранешно службено лице, за кое се укажува дека има стекнато имот преку нелегални активности односно преку рекет, криминал и злоупотреба на позициите кои ги извршувал, ДКСК одлучи да го затвори предметот, а пријавата да ја достави за надлежното постапување до МВР.

За заменик претседател на Државната комисија за спречување на комисијата е избран Горан Трпеноски. Неговата функција ќе стапи во сила на 12 август оваа година. Изборот на заменик претседател на ДКСК, според деловникот се менува на секои шест месеци, по азбучен ред.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ