• Latest

ИРИ: Неангажираност и рамнодушност кај повеќе градоначалници, граѓаните не учествуваат во локалната самоуправа

July 27, 2021
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ИРИ: Неангажираност и рамнодушност кај повеќе градоначалници, граѓаните не учествуваат во локалната самоуправа

July 27, 2021 13:45
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претежно слаба работа на градоначалниците и невклученост на граѓаните во локалната самоуправа, пред сè заради незаинтересираноста на локалната власт. Македонските граѓани го поддржуваат пристапувањето во ЕУ, но не по цена на нивниот национален идентитет, покажува неодамнешната квалитативна студија спроведена во Северна Македонија од страна на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

Во истражувањето се посочува дека граѓаните во голема мера се незаинтересирани да учествуваат во локалната власт, а како причина ги наведуваат градоначалниците за кои сметаат дека се неангажирани и рамнодушни кон гласачите. Граѓаните, стои во соопштението од ИРИ, честопати не се запознаени ни со имињата и работата на општинските советници. Додека мислењето за некои градоначалници е позитивно, покажало истражувањето, мнозинството од оценетите добиле мешани или главно негативни критики. Позитивно оценетите градоначалници, се посочува, активно комуницираат, ги одржуваат ветувањата и се достапни за граѓаните.

– Во поголемиот дел општини во Северна Македонија, градоначалниците и општинските советници треба да бидат поодговорни кон нивните гласачи и треба подобро да ги овозможуваат основните услуги и подобро да комуницираат со граѓаните за нивните локални проблеми и потреби, вели Пол Мекарти, регионален директор на ИРИ за Европа, се наведува во соопштението. Во спротивно, додава тој, градоначалниците ризикуваат граѓаните уште помалку да учествуваат во локалната власт и да изгубат на  претстојните локални избори.

Учесниците во истражувањето навеле дека незадоволителните градоначалници не дејствуваат според потребите на граѓаните и честопати не ги исполнуваат ветувањата од изборната кампања. Во овие случаи, се подвлекува во соопштението во врска со истражувањето, учесниците сметаат дека  локалните лидери се неефикасни, незаинтересирани и понекогаш несоодветни за функцијата која ја извршуваат.

– Иако граѓаните имаат мала верба дека Северна Македонија ќе го заврши процесот на пристапување во ЕУ, поддршката за членство во ЕУ останува генерално висока. Учесниците веруваат дека интеграцијата во ЕУ би била од корист за Северна Македонија, би придонела за  евентуално зголемување на  благосостојбата на граѓаните и за намалување на корупцијата. Сепак, меѓу учесниците постои скептицизам за тоа дали земјата ќе го заврши процесот за пристапување во ЕУ, изразувајќи загриженост за тековниот спор со Бугарија и други домашни прашања, се наведува во соопштението од ИРИ.

Квалитативното истражување било спроведено во име на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) од страна на агенција за истражување на пазарот БРИМА и се заснова на 21 онлајн дискусија во фокус групи што се одржале во 18 општини, од 3 март до 9 април 2021 година. Дискусиите во фокус групи биле спроведени со полнолетни, неопределени гласачи од различни сегменти на населението. Резултатите, стои во соопштението од ИРИ, не ги претставуваат мислењата на сите неопределени гласачи.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ