• Latest

МОН: ВМРО-ДПМНЕ нема почит кон наставниците, свесно спречува обезбедување на нивна поголема економска и правна сигурност

July 29, 2021

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основни вредности“

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

МОН: ВМРО-ДПМНЕ нема почит кон наставниците, свесно спречува обезбедување на нивна поголема економска и правна сигурност

July 29, 2021 19:18
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука изразува жалење што денеска повторно поради опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Северна Македонија испуштена е можноста за усвојување на измените на Законот за наставници и стручни соработници со кои се обезбедуваат повеќе права и се унапредува економскиот и општествен статус на оние од кои најмногу зависи квалитетот на воспитно – образовниот процес и создавањето на перспективни генерации на млади.

„Очигледно е отсуството на интерес кај претставниците на најголемата опозициска партија во парламентот, за придонес кон подобрување на состојбите во областа на образование, првенствено преку подигнување на мотивацијата за работа на наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта во државата. А тоа е нешто што го обезбедува ова современо законско решение.

Потсетуваме дека измените на Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта првенствено обезбедуваат економска и правна сигурност на наставниот и стручниот кадар. Имено, законот уредува дека сите нови вработувања во училиштата ќе бидат директно на неопределено време, наместо како досегашната практика да се чекаат две години за отпочнување на процес на трансформација, а воедно и сите наставници и стручни соработници кои во овој момент се ангажирани на определено време, со стапувањето во сила на законските измени ќе добијат решение за трајно вработување доколку ги исполнуваат предвидените законски услови.

Законското решени овозможува професионален и кариерен развој за вработените во училиштата, како и следење и оценување на работата уште од првиот ден на стапувањето во редовен работен однос. Воедно, за прв пат законски се дефинираат компонентите на платата на наставниците и стручните соработници, со што се овозможува исплата на додатоците на плата за претходно стекнатите педагошки звања како резултат на успешност во работењето, додатокот за одделенско, односно класно раководство, за работа во комбинирана паралелка и за работа во ридско-планинско подрачје, за кои во минатото имаше реакции дека не се исплаќаат од страна на училиштата.

Решението предвидува и исплата на целосна плата за неполн неделен фонд на часови на наставниците кои ќе реализираат воспитно-образовна работа според наставен план и програми донесени согласно Концепцијата за основно образование и воспитание, доколку имаат минимум 10 наставни часови во неделата. А предвидено е и покачување на платите на наставниците со секое зголемување на минималната плата.

Наставниците и стручните соработници се најважната алка во реализацијата на воспитно образовниот процес и затоа апелираме до членовите на Комисијата кои поради партиски директиви ја опструираат работата на ова тело, само заради собирање на ситни – дневно политички поени, но и само поради тоа што токму тие не се предлагачи на овие позитивни промени, конечно да ги надминат партиските интереси и да ја започнат дискусијата за законското решение, како би дале придонес кон формулирање на неговата најдобра верзија.

Секое одложување на усвојувањето на измените на законот, не само што создава револт кај наставничката фела која заслужено треба, може и мора да добие вистинско внимание од државата и од институциите на системот, туку значи и директна штета по знаењето на учениците“, реагираат од Министерството за образование и наука.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ