Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на ЕУ, по добиена нотификација за увоз на небезбедни производи во земјава, спроведе инспекциска контрола кај двајца увозници на кремови за готвење и бази за сладоледи од Струга и Струмица. На операторите со храна им е наложено да извршат повлекување од пазарот на посочените производи.
Како што информираат од АХВ, при инспекциската контрола кај опереатиорот со храна Гајрет ДООЕЛ од с.Лабуништа, утврдено е дека увезениот производ од Италија, (крем за готвење) BRAVO CREAM CUSIMA MK L 0,2X24, со лот број 21089, посочен во РАССФ нотификацијата, не е безбеден за консумација поради утврдено присуство на етилен оксид. Во магацинот на увозникот затекната е количина од 1 440 парчиња одј производот со лот 21169 со рок на употреба 13.06.2022 година, а не е пронајден истиот производ со лот број 21089. На операторот со храна му е наложено да изврши отповикување/повлекување од пазарот на посочените производи.
Надлежните информираат дека инспекциска контрола е спроведена и кај операторот со храна ДПТУ Агрома од Струмица, кому поради утврдено присуство на етилен оксид во неколку производи увезени од Италија, наредено му е да изврши отповикување/повлекување на производите наведени во нотификацијата. Со контролата е утврдено дека производите биле делумно продадени на познати оператори, а делумно се складирани во магацин во Скопје (AI7YOS ГОЛД 50- млечна база за сладолед -120 килограми и AI70XE АИМАРА ТУТО КАКО – база за сладолед 63 килограми).
Инаку, АХВ и вчера ја информираше јавноста дека издал решение со кое на операторот со храна (увозник и дистрибутер) АЛМА М, од пазарот му е наложено да изврши итно повлекување и отповикување на небезбеден сладолед, поради утврдено зголемено присуство на етилен оксид.
До потрошувачите се апелира, доколку го набават ваков небезбеден производ со наведените сериски броеви/лот и рок на употреба, да не го консумираат, односно да го вратат од таму од каде што го купиле.