Заземањето на власта од страна на талибанците не е „најлошото сценарио“ изјави во утринска емисија на телевизијата Ен-Би-Си Џејк Саливан, советник за национална безбедност на претседателот Џо Бајден, кој додаде дека Бајден стои зад одлуката за повлекување на американската војска од Авганистан.
„Всушност, сметам дека најлошото сценарио за САД би било околности во кои ние ќе додавама назад илјадници и илјадници војници да се борат и да умрат во граѓанска војна во Авганистан кога авганистанската армија не е подготвена да се бори.
Ако останавме плус уште една или уште две години или пет години или уште 10 години, никаква добро спроведена воена обука или квалитетна опрема или потрошени пари или изгубени животи на САД не можеше да ја стави авганистанската армија во позиција да може да ја оддржува таа земја самостојно”, вели Саливан.
Тој рече дека Бајден се соочил со „лош избор“, но дека стои зад изборот што го направи, признавајќи дека заземањето на Авганистан од талибанците е побрзо од очекуваното и за тоа ја обвини авганистанската армија затоа што немала „волја“.
„Секако дека е изнанадување брзината со која градовите паднаа многу побрзо од очекуваното. На крајот од денот, наспроти факот дека ние потрошивме 20 години и десетици милијарди долари да набавиме најдобра опрема, најдобра обука и најдобри капацитети за авганистанските национални сили за безбедност, не можевме да им ја дадеме волјата и тие на крајот одлучија да не се борат за Кабул и да не се борат за земјата, а тоа отвори врата за талибаниците да влезат во Кабул многу брзо”, изјави Саливан пред Белата куќа, додавајќи дека е зад оценката на Бајден дека падот на Кабул не бил неизбежен.
„Имаше капацитет да се дигнат и да се спротистават. Но тој капацитет не се случи”, изјави Саливан.
Русија, пак, денеска ги повика сите страни вклучени во авганистанскиот конфликт да се воздржат од употреба на насилство, како што пренесе Тасс.
Рускиот амбасадор во Обединетите нации, Василиј Небезња, ги повикал сите страни во Авганистан, вклучени во напорите за решавање на насилството “да се воздржат од непријателства и да промовираат мирно решение”.
Тој апелираше да не се крева паника поради ситуацијата во Авганистан.
„Во овој момент, ние веруваме дека не треба да паничиме, бидејќи е важно да се спречи масовно крвопролевање меѓу цивилното население”, вели Небезња.












