• Latest
Мила Царовска, министерка за образование и наука/ Фото: Б. Ј. ЦИВИЛ

Царовска: Да не се шири паника, моделот на настава ќе се менува ако има потреба

August 20, 2021
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Царовска: Да не се шири паника, моделот на настава ќе се менува ако има потреба

August 20, 2021 14:24
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Мила Царовска, министерка за образование и наука/ Фото: Б. Ј. ЦИВИЛ

Мила Царовска, министерка за образование и наука/ Фото: Б. Ј. ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Нема потреба од ширење паника и неточни информации зашто МОН и Министерството за здравство дневно ја следат состојбата и доколку добиеме препорака за промена, во истиот момент ќе бидеме спремни да промениме се што ќе ни биде кажано, изјави денеска министерката Мила Царовска, повторувајќи дека од 1 септември училиштата ќе бидат отворени за сите ученици и дека тоа е прво и нај посакувано од трите  сценарија за почеток на новата учебна година.

Во одговор на прашање дали ќе се ревидира одлуката поради континуираниот пораст на новозаразени со коронавирус, таа рече дека се следат препораките од здравствените власти и одлуката на Владата и Главниот кризен штаб, а моделот на настава ќе се смени ако Комисијата за заразни болести утврди да има потреба.

Второто сценарио е хибриден модел – наизменично една недела едни ученици во училница, а половина од паралелката – онлајн и третиот модел, како лани – физичко присуство за една група ученици, а за друга во континуитет наставата да биде на далечина.

-Нај непосакувано е второто и третото сценарио. Како што препорачуваат и од УНИЦЕФ и ОЕЦД и сите други земји кои се поразвиени од нашата, физичкото присуство е нај посакувано и најсоодветно и ние се подготвуваме за овој модел на настава, согласно препораките и на Кризниот штаб и одлуката на Владата. Во даден момент, доколку Комисијата за заразни болести утврди дека треба да го менуваме моделот, ние сме подготвени за сите три сценарија, рече Царовска при посетата на ОУ „Климент Охридски“ во Драчево каде што денеска беше претставена мобилна станица за миење раце донација од УНИЦЕФ преку УСАИД.

Претставничката на УНИЦЕФ во земјава Патриција Ди Џовани рече дека е најдобро за учениците училиштата да бидат отворени и што подолго да останат отворени и дека за заштита од вирусот ќе важат истите антиковид-мерки што важат и за целата заедница.

-Планот е да почнеме со 100 отсто ученици да се вратат во училишните клупи, а понатаму ќе видиме.  Она што е најдобро за заедницата е најдобро и за училиштата. Мерките што важат за сите, треба да важат и за училиштата. Треба да се трудиме вирусот да биде настрана од цела заедница, не само од училиштата, рече Ди Џовани.

Таа нагласи дека здравјето на децата е најважно, но дека е важно училиштата први да се отвораат, а последни да се затвораат затоа што, како што рече, онлајн-учењето овозможи континуитет и насекаде во светот имаше брз премин за да нема прекин во наставата, но дека онлајн-учењето е само една алатка и не треба целосно да го замени образовниот процес.

-Самите деца сакаат да се вратат во училишните клупи, да бидат лице в лице со своите наставници и меѓу своите соученици. Истражување на УНИЦЕФ неодамна покажа дека 88 проценти од наставниците што работеле со физичко присуство сметаат дека децата немале проблем да се придржуваат до мерките, дури и повеќе од возрасните, а 50 отсто од родителите изјавиле дека би претпочитале нивните деца да се вратат во училишните клупи и дека децата може да се придржуваат на мерките за заштита – физичко растојание, носење маска и миење раце, истакна Ди Џовани.

Додаде дека МОН со општините напорно работат да обезбедат услови за лесно преминување на онлајн-настава доколку има зголемување на случаи на зараза

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ