Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ- со стабилен изглед. Очекувањата на Агенцијата се дека македонската економија годинава ќе се врати на патеката на економски раст и ќе ги надмине шоковите од кризата предизвикана од пандемијата на ковид-19.
Од Агенцијата посочуваат дека по остриот пад во второто тримесечје од 2020 година, до крајот на минатата година економијата постепено заздравуваше, додека индустриското производство во декември минатата година оствари позитивен резултат за првпат од почетокот на кризата во февруари 2020 година.
Задржувањето на кредитниот рејтинг во континуитет и покрај ефектите од ковид-кризата се од исклучително значење, бидејќи тоа е позитивен сигнал за инвеститорите за состојбите и јасен показател за нивната доверба во политиките што се водат во земјава.












