Набрзо откако претседателот на САД, Џо Бајден најави дека во следните 24 до 36 часа се можни нови терористички напад врз аеродромот во Кабул, нова експлозија одекна во близина на аеродромот во Кабул.
Нападот се случи додека американскиот воен контингент на аеродромот ја спроведува последната фаза од евакуацијата, Според првичните информации станува збор за ракетен напад кој погодил цели во близина на аеродромот, а засега нема информации за жртви. Досега сеуште никој не ја презема одговорноста за нападот.
Во моментот на аеродромот се наоѓаат околу 1.000 цивили кои чекаат да бидат евакуирани Во вторник истекува последниот рок до кога американскиот воен контингент треба да замине од Авганистан, и со тоа да стави крај на 20 годишното воено присуство во земјата.












