• Latest

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025 11:40
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Додека Албанија ги отвори последните поглавја со ЕУ, тврдењата на Мицкоски дека Северна Македонија е „пред Албанија“ се распаѓаат пред фактите – експертите и Брисел го потврдуваат спротивното.

Последниот европски напредок на Албанија јасно ја разобличи тезата на премиерот Христијан Мицкоски дека „Северна Македонија е пред Албанија“ во евроинтеграцискиот процес. Поранешниот пратеник и политички аналитичар Зуди Џелили, во изјава за Фронтлајн, порaча дека ваквите тврдења не се само неточни, туку и политички мотивирани, бидејќи реалноста и европските процени говорат сосема спротивно.

Албанија ги отвори последните поглавја – реформите дадоа конкретни резултати

На 17 ноември, Албанија ги отвори последните групи поглавја „Ресурси, земјоделство и кохезија“, со што го заокружи целосниот циклус. Премиерот Еди Рама изјави дека ваквиот напредок до пред неколку години изгледал невозможен.

Еврокомесарката Марта Кос истакна дека успехот е резултат на реформите и посветеноста на институциите, додека ЕУ веќе смета дека Албанија може да го заврши интегративниот процес до 2030 година.

ЦИВИЛ со адхог извештај за рано предупредување

ЦИВИЛ направи адхог извештај за рано предупредување со наслов: „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија. Извештајот на ЦИВИЛ е поблизок поглед кон наративот на премиерот Христијан Мицкоски по објавувањето на Извештајот за напредок на Европската комисија за Северна Македонија 2025 – и ризиците што тој ги носи за демократската кохезија.

Џелили: Мицкоски зборува без факти – реалноста е обратна

Во својата анализа за Фронтлајн, аналитичарот Зуди Џелили вели дека успехот на Албанија е силна порака за целиот регион – реформите и институционалната посветеност носат резултати.

Според Џелили, тврдењата на Мицкоски дека Северна Македонија е пред Албанија се целосно неосновани:

„Таквите изјави не се базираат на факти. Напротив, звучат како политичка љубомора, бидејќи сите меѓународни оценки покажуваат дека Албанија и Црна Гора се попредни во реформите.“

Тој потсетува дека европратеничката Ирена Јовева јавно потврдила дека Албанија и Црна Гора се пред Северна Македонија во имплементацијата на реформите.

Мицкоски упорно инсистира – Брисел упорно го демантира

И покрај оценките од ЕУ, Мицкоски тврди дека Северна Македонија е пред Албанија „според анализите“, наведувајќи дека по изборите ќе се фокусира на правосудните реформи и признавајќи дека постои застој во неколку области.

Но токму тие области – правосудството, антикорупцијата, уставните измени – се клучните причини поради кои земјата стагнира.

Рокас: Нема напредок во владеењето на правото

Амбасадорот на ЕУ, Микалис Рокас, пред пратениците порача:

„Нема никаков напредок во владеењето на правото и нема напредок во борбата против корупцијата.“

Тој предупреди дека во буџетот за 2026 година не се предвидени средства за зајакнување на судството, ревизијата и клучните институции.

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова оцени дека земјата се наоѓа во политички амбиент што „личи на време на војна или предвојна“, што го отежнува спроведувањето реформи, но нагласи дека ЕУ останува единствена политичка филозофија и перспектива.

Министерот Муртезани: Се повторуваат истите препораки – потребни се поцврсти политики

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, истакна дека дел од забелешките од Брисел се повторуваат веќе неколку години, што е показател дека институциите мора да спроведат посилни политики и да постигнат политички консензус.

Северна Македонија официјално доби статус кандидат во 2005 година – пред Албанија, Србија и Црна Гора. Но и покрај раниот старт, земјата со години се соочуваше со блокади: од спорот со Грција, па до внатрешнополитички кризи и отсуство на реформи.

Од 2009 до денес, Европската комисија 15 пати по ред препорачува почеток на преговори. Преговорите конечно се отворија во 2022 година, но без отворање на поглавјата, поради неизгласување на уставните измени и реформите во правосудството.

Во меѓувреме, Албанија преживеа политички турбуленции, но успеа да спроведе сериозни реформи – особено во судството – што ја доведе до отворање на последните поглавја.

Северна Македонија, пак, повторно се соочува со застој, недоволни буџетски инвестиции, политичка поларизација и неисполнети реформски приоритети.

Европскиот пат не трпи политички изјави – туку резултати. А денешните резултати, како што покажуваат и Брисел и регионот, јасно го поставуваат Скопје зад Тирана на евро-интеграцискиот пат.

Се додека реформите останат заложници на дневната политика, Северна Македонија ќе ја гледа Европа само во извештаите – а не во реалноста.

Дестан Јонузи/Фронтлајн

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ