• Latest
Хавиер Солана (фото извор: Википедија)

Доза на еврореализам

September 5, 2021

Израел и Хамас се договорија за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа

October 9, 2025
Илустрација: ВИ

СДСМ во Демир Капија, Росоман, Кавадарци и Неготино; ВМРО-ДПМНЕ во Зелениково, Илинден, Центар и Кисела Вода

October 9, 2025

Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Доза на еврореализам

Европа не смее да ја отфрла самопочитта со прифаќање на деклинизмот. Наместо да се предадат на неизбежниот пад, Европјаните треба да ги препознаат и слават силните страна на Европа, препознавајќи дека нејзината големина се состои во тоа што е поголема од збирот на нејзините делови.

September 5, 2021 12:38
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Хавиер Солана (фото извор: Википедија)

Хавиер Солана (фото извор: Википедија)

Share on FacebookShare on Twitter

ХАВИЕР СОЛАНА

Наративот станува сè поприсутен: САД и Кина се вклештени во битка за глобална надмоќ во безброј области, како што се технологијата, трговијата, одбраната, сајбер просторот, па дури и вселенскиот простор. Малкумина учени луѓе го доведуваат во прашање општиот консензус дека кинеско-американските односи ќе ја обликуваат историјата на дваесет и првиот век. Но, анализирајќи ја денешната геополитичка сцена како нуспроизвод на трка меѓу два коњи е крајно упростено и застарено.

Нашиот свет е подобро опишан не во црно-бело, туку како калеидоскоп на променливи шаблони. Еден клучен извор на боја е Европската унија. Во сегашното меѓународно опкружување, ЕУ е помалку забележана отколку што треба, но повеќе забележана отколку што мисли.

Точно, Европа заостанува зад САД и Кина во развивање на стратешки технологии како што се полупроводници и квантни компјутери. Кога ЕУ се обраќа на остатокот од светот, често звучи повеќе на какофонија отколку на симфонија. Ретките хармонични рефрени често се придушени. И многу од граѓаните на блокот, можеби сеќавајќи се на времето кога Европа беше дом на светските неоспорени големи сили, сега имаат тенденција да ги презираат придонесите на ЕУ и да го смалуваат нејзиниот простор за маневар.

Но, ние Европејците, треба да си дадеме повеќе заслуга. Дури и скептиците мора да признаат дека, во најмала рака, имаме воспоставено единствен пазар, чија регулација зависи исклучиво од ЕУ институциите. Но додека трговското влијание на ЕУ оттука би требало да се мери во агрегатна форма, традиционалните аналитички рамки даваат првенство на државите. Овој пристап, заедно со кинеско-американската „трговска војна“, нè доведе до тоа да ја преувеличуваме економската тежина на САД и Кина, на штета на Европа.

Така што, ајде да ги погледнеме фактите. ЕУ е најголемиот светски извозник на трговска стока и втор најголем увозник (нешто малку зад САД). Во делот на услугите, Европа води во однос на извоз и увоз. Понатаму, ЕУ е во друштво на САД и далеку пред Кина, како давател и примач на странски директни инвестиции (без инвестициите помеѓу земјите членки). А кога се работи за официјалната развојна помош, ЕУ има јасно водство и може да се пофали со збирна сума која е повеќе од двојно поголема од таа на САД.

Една општа критика за ЕУ е тоа дека нема „тврда моќ“. Има некоја вистина во ова. Сепак, никогаш не била намерата ЕУ да биде воен сојуз, не е НАТО. Авганистанскиот дебакл ја истакнува потребата за градење на воените капацитети на Европа, кои остануваат премногу фрагментирани и зависни од САД. Меѓутоа, тие не се во ниту еден случај ирелевантни, како што и се покажа со нашите бројни распоредувања на воени сили низ светот.

Исто така, не треба да направиме превид во однос на економската димензија на тврдата моќ. Колективно, ЕУ, а не Кина, е таа која што има втора најголема светска економија, изразено номинално. Ако на тоа ги додадеме трговските и инвестициските врски, тогаш ЕУ има малку зошто да им завидува на своите конкуренти.

Што се однесува на „меката моќ“ на привлекување и убедување, тоа може да изгледа премногу нестварно за да има значење во глобален контекст, обележан со остри геополитички тензии. Но, меката моќ ги одразува политичките, социјалните и економските трендови кои ја определуваат краткорочната и долгорочната перформанса на било која земја или блок. Тука, исто така, се чини дека ЕУ е во добра форма.

Индексот „Мека моќ 30“ ги оценува земјите според шест категории: културно достигнување и привлекување, дигитална инфраструктура и способности во дигиталната дипломатија, човечки капитал и образовна привлечност, деловно пријателство и капацитет за иновации, дипломатска мрежа и квалитетот на политичките институции. Според оваа мерка, пет од светските топ десет земји – и 16 од топ 30 – се ЕУ земји членки. САД се рангирани на петто место, а Кина на 27-мо место.

Тоа беше во 2019 година, кога листата последен пат беше составена. Денес, истиот индекс сигурно би ставил поголема тежина на јавното здравје. А додека ЕУ, со своите врвни здравствени системи, претрпе повеќе од што се очекуваше од пандемијата со КОВИД-19, нејзината кампања за вакцинација се одвива забрзано.

И покрај бавниот почеток, стапката на вакцинација во четирите најнаселени земји во блокот – Германија, Франција, Италија и Шпанија – сега ја надмина таа на САД. И заложбите на Европа да обезбеди вакцини на останатиот дел на светот стануваат сé поамбициозни. Ако на тоа се додаде огромниот заеднички Фонд за закрепнување на економијата од КОВИД-19, перформансите на ЕУ во однос на пандемијата стануваат сè повеќе респектабилни.

ЕУ, исто така, демонстрира глобално лидерство и во други клучни области, особено во зелената транзиција. Долго во врвот на еколошката регулатива, Европската комисија сега го објави таканаречениот Fit for 55, стратегија за намалување на емисиите на стакленички гасови за 55% до 2030 година (споредено со нивоата од 1990 година). Доколку биде усвоена, истата најверојатно ќе ги обликува правилата и стандардите во останатиот дел на светот, преку тоа што Ану Брадфорд од универзитетот Колумбија го нарече „Бриселски ефект“.

Овој ефект го илустрира начинот на работа на ЕУ: работи зад сцената со цел да се направи промена што се чувствува, но и не мора да биде видлива. Иако Европа останува во ранлива позиција во одредени глобални синџири на снабдување и иако занемаривме некои конфликти кои директно влијаат на нас (како во Сирија и Либија), нејзиното влијание е далеку од занемарливо.

Светот има тенденција да го цени – иако тивко – влијанието на ЕУ, бидејќи главно се заснова на стимулации, наместо на санкции. Исто така, нејзиното влијание произлегува од мултилатерален и кооперативен пристап. И нејзиното влијание го разбива задушливиот стисок на кинеско-американскиот натпревар врз глобалниот систем.

Европејците не смеат да ја отфрлат самопочитта со прифаќање на деклинизмот[1], туку со спроведување на рационална проценка на нашите силни страни и слабости. Како што брилијантниот перформанс на нашите спортисти ова лето на Олимписките игри во Токио треба да нè потсети, Европа останува сила на која треба да се смета. И доколку понатаму ја осигуриме нашата глобална позиција, ќе мора да научиме да живееме со следната максима: ЕУ е поголема од збирот на нејзините делови.

 


Хавиер Солана е поранешен висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, генерален секретар на НАТО и министер за надворешни работи на Шпанија. Тој е претседател на ЕсадеГео – Центар за глобална економија и геополитика и истакнат соработник во институтот Брукингс.


[1] Уверување дека одредено општество или институција има тенденција на пад (н.з.). Повеќе на: https://en.wikipedia.org/wiki/Declinism.

превод: Наташа Цветковска / ЦИВИЛ


Текстот е преземен во соработка со Project Syndicate. Линк до оригиналот: A Dose of Eurorealism. Преземање на текстот или на делови од него е возможно исклучиво со атрибуција на изворите: оригиналот на англиски и преводот на македонски јазик.


Следете нѐ на Фејсбук и Твитер за да бидете во тек со активностите на ЦИВИЛ и со најважните настани и процеси во земјата, регионото и светот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ