• Latest

Членството е нашата судбина. Кога?

October 12, 2021
Од јавниот собир за Кочани во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Утре протест во Скопје: Шест месеци од трагедијата во Кочани

September 15, 2025
Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

September 15, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

September 15, 2025
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Членството е нашата судбина. Кога?

Влијанието на Брисел бавно тоне во живиот песок на убавите ветувања. Перспективата за членство, своевремено клучниот канал за влијание од ЕУ и за поттикнување на регионалните реформи, се губи од хоризонтот

October 12, 2021 06:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

БОШКО ЈАКШИЌ

Контрадикторни сигнали испраќа Брисел на адресите на шесте земји од Западен Балкан, каде што луѓето се заситени од ветувања и сѐ повеќе почнаа апатично да се сомневаат во членството во Европската Унија.

Претседателката на Европската комисија неодамна го обиколи целиот регион во двојна мисија: на место да се запознае како тече процесот на реформите нужни за евроинтеграциите, како и да покаже дека ни во времето кога Европа е притисната од сериозни проблеми, не заборава на Западен Балкан.

Домаќините најмногу беа заинтересирани како се одвива работата со политиката на проширувањето во ЕУ, но одговорите што ги добија се конфекциски исти: „Целиот Западен Балкан ѝ припаѓа на Европската Унија. Тоа е во заедничкиот интерес и верувам дека тоа е нашата судбина“, повторуваше Урсула фон дер Лајен во Тирана, Приштина, Скопје, Подгорица, Белград и Сараево.

Впечатокот е дека тоа за Брисел е доволно. Во Германија, земјата во која е родена претседателката, за време на изборната кампања никој не го ни спомна Западен Балкан. Шесте земји од регионот очекуваат многу повеќе. Убаво спакуваните пораки Западен Балкан ги слуша уште од самитот во Солун во 2003 година, кога првпат официјално беше потврдено дека Европската Унија го гледа регионот во свое членство. Оттогаш е примена само Хрватска. Потоа среде турнејата на церемонијална поддршка стигна анализата од агенцијата Ројтерс, чија поента е дека ЕУ повеќе не може во иднина да гарантира сигурно членство за шеста балкански држави.

Заклучокот се извлекува од „ќор-сокакот“ околу декларацијата подготвувана за вчерашниот самит на ЕУ и балканските лидери во Словенија. Планирано е да се обнови солунското ветување за „недвосмислена поддршка на европската перспектива на Западен Балкан“, но тој план пропадна.

Франција и Холандија пред две години го запреа процесот на проширување, воведувајќи нова методологија, а сега им се придружи и Данска, во страв дека може да се повторат грешките од прекуредното зачленување на Романија и на Бугарија во 2007 година.

Бугарија тврдоглаво не отстапува од ветото на отворањето преговори за придружување на Северна Македонија поради идентитетскиот спор. Скопје е најголемата жртва на недоработените европски механизми на одлучување, а потоа и Албанија, која е колатерална штета на бугарската блокада. Какви се шансите да пројде иницијативата на германскиот социјалдемократ Јосип Јуратовиќ спорот на Скопје и Софија да биде решен со меѓународна арбитража?

Премиерот Зоран Заев како Калимеро извикува „Неправда“, европските бирократи изразуваат „жалење и разбирање“ и само симнуваат рамена, неспособни да ги коригираат интегративните процеси така што би ги отстраниле уценувачките капацитети, какви што Холандија своевремено покажа кон Србија, Словенија кон Хрватска, а Бугарија сега кон Северна Македонија.

Целокупноста на интегративниот процес станува заложник на поедини членки, кои се противат на проширувањето. Може ли тоа да се промени? Се сомневам. Не барем во догледна иднина. Да бидеме реални, Брисел не е во состојба да се избори со „нелибералните демократии“ на Полска, Унгарија, а од неодамна и од Словенија, па не треба да се очекува дека механизмите на решавање ќе се доведат во склад со потребата за поефикасни преговарачки процеси.

ЕУ нема осмислена стратегија за Западен Балкан. Влијанието на Брисел бавно тоне во живиот песок на убави ветувања. Перспективите за членство, своевремено клучниот канал за влијанието на ЕУ и за поттикнување на регионалните реформи, се губат од хоризонтот.

Очигледно е дека ЕУ го губи ентузијазмот. Западен Балкан е препуштен на себе, се враќа на старите регионални судири, при што се создава вакуум, кој го пополнуваат Русија, Кина, Турција и Обединетите Емирати. Европејците се изненадени, но и неспремни да прифатат дека за таквата состојба и самите се значително одговорни.

Толерираат мноштво негативни политички, економски или социјални трендови поради своите калкулации во врска со мигрантите, инвестициите по повластени услови, евтината работна сила, извозот на валканите технологии, контролата на водените ресурси…

Но, би било апсолутно нефер да се аболираат аспирантите за влез во ЕУ, кои, со редок исклучок на Северна Македонија, и понатаму се неспремни за вистински реформи и за либерална демократија според стандардите на најголемиот дел од Унијата. Западен Балкан е исткаен денес од преголемо количество национализам, авторитарност и корупција по жител. Црна Гора има проблеми со правната држава, нејзиниот претседател е вмешан во темни финансиски работи, како што откриваат „Пандорините документи“. Босна и Херцеговина е под постојана сепаратистичка закана од Република Српска, додека Бања Лука го запира создавањето граѓанска држава.

Албанија и Косово се притиснати од организираниот криминал и корупцијата. Власта во Србија повторува дека ЕУ ѝ е геостратегиска определба, но во практиката прави сѐ за да се оддалечи од Брисел. Знае дека нема ништо од членството додека не го расчисти спорот со Приштина, но решението е на другиот стап.

Не делуваат премногу како атрактивни партнери на Европејците, кои преку Западен Балкан треба да ги појаснат своите идни односи со Америка, Кина и со Русија, активно да се занимаваат со климатските промени, Зелената агенда и со пандемијата, која не попушта.

Што ми звучи пореално: ветувањата на фрау Урсула или анализата на Ројтерс? Со тага можам да констатирам, ова второто.

Но, можеби односот кон Западен Балкан може да се промени кога ќе биде составена новата германска влада. Ако зелените бидат дел од тричлената коалиција, се претпоставува дека ќе го бараат Министерството за надворешни работи. Тоа би значело отстапување од политиката на Ангела Меркел, која силно ја туркаше агендата на Западен Балкан, но и, водена од идејата за стабилократија, им гледаше низ прсти на балканските автократи.

Оската Берлин-Париз би имала приоритети блиски на оние на американската администрација: правна држава, независно судство, човекови права, медиумски слободи. Таквата евентуална промена на курсот би можела да ги израдува вистинските проевропски сили на Западен Балкан, но и да предизвика засилен отпор на регионалните политичари, кои пасивноста на Европејците ја користат за промоција на своите антиевропски агенди.

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Хаотично заебавање

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ