• Latest

Викенд на изборни инциденти, тепачки, закани, заплашувања…

October 25, 2021

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Викенд на изборни инциденти, тепачки, закани, заплашувања…

October 25, 2021 16:46
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Изборната кампања се повеќе се разжестува, па така, освен вербални дуели, почнаа и физички пресметки. Изминатиот викенд се регистрирани неколку инциденти меѓу политичките противници, односно тепачки и физички напади. Но, покрај физичките напади, не изостанаа ниту заканите кон политичките неистомисленици, каков што е случајот во кој обезбедувањето на Мицкоски се заканувал на граѓанин од Вевчани дека „ќе види кога ќе дојдат на власт“.

Боксерска пресметка на идни советници во општина Куманово од СДСМ и „За наше Куманово“

Пријава во полицијата, за физички напад, поднеле двајца идни советници во Советот на Општина Куманово, Реџеп Реџеповски од независната листа „За наше Куманово“ и Самет Салиевски од СДСМ.

Инцидентот се случил завчера (23.10.2021) околу 14 часот во кумановската населба Средорек каде што живеат поголем број жители од ромската етничка заедница. Тепачката прво ја пријавил Реџеповски, а потоа стигнала пријава и од Салиевски. Од СВР Куманово велат дека работат на расчистување на случајот.

Обезбедувањето на Мицкоски со закани кон граѓанин – „ќе видиш ти кога ќе дојдеме на власт“ 

Обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му се заканувало на еден граѓанин од Вевчани, го легитимирало и ја фотографирало неговата лична исправа, за време на митингот под мотото „Создади нова иднина“, што партијата го одржа вчера, (24 октомври). Случајот е пријавен во полиција.

„Додека вмровците од Вевчани викаа „УА“ по Зоран Заев и никој физички не им се спротивстави, денес, нападнат е Танче Шекуткоски од страна на обезбедувањето на Мицкоски, затоа што е негов неистомисленик и му викна МРШ на собирот на ДПМНЕ. Обезбедувањево му ја зеде личната карта и му ја слика, па потоа му се закануваше. Уште недојдени на власт, на нероден Петко капа му кројат. Режимот тропа на врата, но никогаш повеќе нема да се врати! Одамна е завршено времето на закани и уцени“, стои во реакцијата на Воислав Попески од СДММ Вевчани.

„Дотичниот Христијан Мицкоски вечерва (24.10.2021) дојде во Вевчани за преку своето обезбедување да врши притисок и закани кон неистомисленици! Во центарот на Вевчани бевме сведоци со какви методи владееше режимот 11 години и дека не се промениле за милиметар. Матрицата на ДПМНЕ не се сменила. Напротив, желбата за власт и лична корист пораснала уште повеќе“, истакнаа од СДСМ Вевчани.

Членови на СДСМ Василево физички нападанти од кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ 

Активисти и членови на СДСМ Василево обвинуваат дека в недела (24.10.2021) кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Славе Андонов, и неговите сопартијци се обиделе да ги попречат, а потоа и физички ги нападнале додека оделе во кампања од врата на врата.

„ВМРО ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник за општина Василево Славе Андонов освен што продолжуваат со валканата изборна кампања се служаат и со физички напади. Наши активисти, извршувајки предизборни активности во Василево со цел да се презентира нашата програма, физички се нападнати од кандидатот Славе Андонов и нивниот активист Александар Василев.

Физичкиот напад на четворица наши сопартијци веднаш е пријавени во СВР Струмица кои веќе дадоа искази во полицијаа за бруталното однесување на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Василево, Славе Андонов. Бараме надлежните институции веднаш да го расветлат случајот, а сторителите на овој чин да одговараат пред лицето на правдата, независно дека се учесници во изборна трка“, се вили во соопштението на ОО СДСМ Василево.

Јакимовски обвинува дека со возило на интервентна полиција се делат пари од дилери на дрога од Сарај за изборен поткуп 

„Поголема количина пари од дилери на дрога од Сарај, денеска се земени за купување гласови во Карпош и тие средства се пренесени со возила на интервентата полиција. Овие информации ми се сигурни, добро е обвинителот кој е задолжен за оваа работа да нè исконтактира да му дадеме дополнителни информации. Карпошани не се сиромашни, сиромашни се само тие што се сиромашни во духот“, истакна кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, од ГРОМ на заедничката средба (на 23.10.2021) со независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, со жителите на Жданец.

Ова се неколкуте изборни инциденти, закани и заплашувања кои фрлаат црна дамка на изборниот процес.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ