Министерката за образование и наука Мила Царовска и градоначалникот Еркан Арифи денеска, го посетија ОУ „Дитурија“ во општина Липково и извршија увид во реконструкцијата на објектот на училишната зграда, финансиран од Министерството за образование и наука.
-Министерството продолжува да вложува во сите училишта, во сите општини за да се обезбеди квалитетно образование за сите ученици, рече министерката по извршениот увид. МОН за реконструкција на енергетски ефикасна фасада и внатрешна санација на објектот на најкритичните делови за ОУ „Дитурија“ одвои 9, 5 милиони денари.
– Паралелно со подобрување на инфраструктурата на училиштата, работиме и на подобрување на програмите. Продискутирав со наставниците од прво и четврто одделение и со директорот дали се задоволни од програмите, како се
Таа најави дека министерството и понатаму ќе продолжи да инвестира во трите столба за квалитетно образование: подобрување на инфраструктура, добри програми и обука на наставниот кадар. Министерката потсети дека наставниците летово поминале интензивна обука за имплементација на новата програма и оти ќе продолжи со поддршка во наредниот период.
– Сè со цел да постигнеме подобри резултати кај нашите ученици на меѓународни тестирања и од друга страна да создаваме капацитети, на луѓе, граѓани кои понатаму ќе ја водат оваа држава кон развиена која ќе може да ги следи европските стандарди кон коишто сите се стремиме, кажа министерката.
Градоначалникот на Липково, Еркан Арифи се заблагодари на Министерството за вложувањето во објектот и потсети дека претходно со поддршка на Агенцијата за млади и спорт изградено е и игралиште. Со реконструираната фасада, Арифи очекува заштеда на енергија и поквалитетни услови за изведување на наставата.
– Сега имаме најсовремени услови за изведување на наставата, изјави градоначалникот Арифи
Во ОУ „Дитурија“ во Липково, настава следат 260 ученици од прво до деветто одделение.