• Latest

Донирана опрема – дидактички и сензорни уреди за инклузија на деца со посебни образовни потреби во ресурсен центар „Д-р Златан Сремец“

December 28, 2021
Ескалација на протестите во Србија
Фото извор - Нова.рс

Вучиќ го разреши „непослушниот“ командант на антитерористичката единица Спасоје Вулевиќ

September 7, 2025

Во болницата во Кочани се задржани четири пожарникари, осуммина се на Токсикологија во Скопје

September 7, 2025

(Видео) Русија погоди владин објект во Кијив, загинаа три лица меѓу кои и едно бебе

September 7, 2025

САД со нови предлози за примирје и ослободување на заложниците во Газа

September 7, 2025

Земјотрес почувствуван во Кичево, Охрид и околината

September 7, 2025

Пожарот во „Винчини“ ставен под контрола, повредени неколку пожарникари – згазиле во стопен шеќер

September 7, 2025

Меџити: Испратен е Инспекторатот на „Вардариште“, деновиве се очекуваат резултатите

September 7, 2025
Артилериска стрелба
Извор- официјална ФБ страница на АРМ

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста

September 7, 2025
Александар Вучиќ (фото извор: Wikimedia Commons)

Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

September 6, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Десетици убиени и ранети во континуираното израелско бомбардирање утрово

September 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Донирана опрема – дидактички и сензорни уреди за инклузија на деца со посебни образовни потреби во ресурсен центар „Д-р Златан Сремец“

December 28, 2021 12:36
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Речиси тројно повеќе средства има издвоено Миминистерството за образование и наука за инклузија на ученици со попречености во буџетот за 2022 година. Има 14 институции од основно, средно и високо образование, чии објекти треба да станат пристапни за  учениците со атипичен развој, соопшти министерката Мила Царовска при посетата на основното училиште со ресурсен центар „Д-р Златан Сремец“.

Таму денеска беше промовирана опрема – дидактички и сензорни уреди и алатки кои ќе поддржат 12 типа услуги, кои училиштето ги испорачува како ресурсен центар. Опремата е обезбедена од Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ преку проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“, поддржан од Детската фондација „Песталоци“.

Училиштето „Д-р Златан Сремец“ е меѓу петте кои се трансформираат од специјални основни училишта во училишта со ресурсни центри и кое вработи дел од 500-те образовни асистенти ангажирани од почетокот на оваа учебната година со буџет на МОН.

Министерката Царовска истакна дека трансформацијата на посебните основни училишта во ресурсни центри не само што почна, туку и успешно се спроведува и дека е подобрен квалитетот на образованието и пристапот до образование за секое дете, независно од неговиот развој.

– Тоа е голем исчекор за сите ученици во нашата држава. МОН и Владата беа посветени да постигнеме поинаков стандард во инклузивноста. Токму затоа оваа учебна година се воведоа 500 образовни асистенти кои дневно им даваат поддршка на учениците, но, исто така, и на наставниците во редовните училишта за да може да постигнеме подобар квалитет, но и да го искористиме потенцијалот на секое дете во државата. Овие ресурсни центри, поранешните посебни училишта, имаат обврска да обезбедат технички услови и поддршка за образовните асистенти, како и за наставниците, истакна Царовска.

Таа додаде дека покрај финансирањето од МОН, за современа опрема во ресурсните центри, од која ќе има подобри ефекти кај учениците со атипичен развој, придонесуваат и донациите од партнерските организации, како Здружението „Отворете ги прозорците“ и Фондацијата „Песталоци“.

Директорката на „Д-р Златан Сремец“, Марија Делетиќ на промовирањето на опремата рече дека многу успешно и забрзано училиштето со ресурсен центар ја трасира својата улога во образовниот систем. Од непроценливо значење за функционирањето на ресурсниот центар, рече таа, се донациите од Фондацијата и Здужението во три наврати во рамки на проектот „Образование на деца со посебни потреби“.

– Преку овие донации се обезбедени специфични наставни надгледни средства, реквизити и сета потребна опрема за непречено функционирање и развивање на специјаизираните услови. Целта на донацијата е да обезбеди што поголем број ресурсни услуги кои ќе стигнат до што поголем број ученици инклузирани во основните училишта, рече Делетиќ, додавајќи дека опремата ќе ја користат не само учениците запишани  во „Д-р Златан Сремец“, туку и околу 150 ученици со атипичен развој во редовни училишта во   регионот кој  со образовни асистенти е покриен од ова училиште со ресурсен центар.

Маргарита Гулевска, извршна директорка на Здружението „Отворете ги прозорците“ истакна дека од 2005 се посветени на поддршка на инклузијата во општеството, а од 2010 се посебно активни на поддршка на инклузивно образование преку различни проекти.

– Од пред две години во партнерство со Фондацијата „Песталоци’ инвестираме во 14 училишта да се подобри инклузијата во образованието. Оваа донација денеска и инвестицијата во „Д-р Златан Сремец“ е дел од активностите на проектот што го спроведуваме. Знаеме колку се битни материјално-техничките услови за училиштето да обезбедува услуги – речиси еднакво како и човечките ресурси, истакна Гулевска.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Реакции на статијата на „Цајт магазин“- 10 страници за висината и „уметноста“ на Рама, нула за корупцијата и заробувањето на државата; Косовското собрание не успеа да изгласа потпретседател од српска етничка заедница

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ