• Latest

Дали новата Влада може да се нарече влада на отпорот?

January 10, 2022

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Дали новата Влада може да се нарече влада на отпорот?

January 10, 2022 09:59
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

САФИТ ЗЕЌИРИ

Очигледно новата Влада се формира без проблем и неделава ќе се презентираат кадровските решенија, и продолжувањето на процедурата во Собранието за новиот владин состав.

Очекувањата се големи за почетокот со работа и усогласената програма со јасни цели за исполнување на ветувањата и договорите меѓу трите коалициони партнери СДСМ, ДУИ и Алтернатива за составот на новата влада. На програма како приоритети се економијата, зголемување на ефикасноста во извршувањето на работите на институциите, справувањето со пандемијата, борбата против криминалот и корупцијата, задржување на животниот стандард на граѓаните и посветеноста на унапредување на државата кон европското семејство.

Се разбира, ова рангирање е под влијание на последните случувања во државата, што значи дека треба да се реализираат оваа година за да се докаже пред граѓаните за дадените ветувања  од последните парламентарни избори 2020 година.

За економијата важни се економските програми кои не можат да бидат добро имплементирани без луѓе со професионално знаење и искуство потребни за справување со кризата. Економските програми кои треба да ја извлечат земјата од криза мора да бидат управувани од професионалци во институциите.

До пред некое време имаше многу дискусии за тоа што треба да биде приоритет на една влада. Изненадувачки ќе биде фокусирањето на подобрување на условите за работа во сите државни институции и решавање на време со сите предмети и почитување на роковите без многу чекање. Со што ќе се создаваат ефективни институции кои ќе и овозможуваат на владата да се справи со повеќе од еден приоритет истовремено.

Пандемијата ги зголеми последиците секаде низ светот, така што нема утеха да се продолжи со стариот стил и да се  гледа само на еден приоритет. Мерките не се спроведуваат доколку институциите одговорни за нивното спроведување се неефикасни. Веќе знаеме дека само носењето закони не е доволно за да се реши проблем, туку ни требаат и соодветни институции, исто така и ангажирање на повеќе експерти од областа на медицината за да се намали бројот на заразени од Корона вирусот.

Самата институционална реформа ќе биде удар за корупцијата, но и за криминалот, со што би овозможила борба против административната корупција која доаѓа во различни форми. Еден од големите проблеми е и демотивирањето на кадарот бидејќи на клучни позиции се инсталирани политички личности кои меѓу другото покажуваат и фаворизирање во оценувањето на кадарот. Реформа која ги елиминира ваквите проблеми во институциите, директно би влијаела на зголемување на нивната ефикасност и борба против криминалот и корупцијата.

Стандардот на живеење се мери со нешта кои лесно се квантифицираат, како што се приходите, можностите за вработување, месечните трошоците за стоки и услуги и сиромаштија. Секој сака да има соодветен или висок животен стандард и да ужива во сите удобности достапни во и околу него во својот живот. За да има основен животен стандард треба да има толку многу заработка. Без доволно заработка не може да се очекува да се има ниту основниот животен стандард.

Како приоритет на програмата на новата влада за посветеноста и унапредување на државата ко европското семејство е да се гарантираат стабилни институции кои гарантираат демократија, владеење на правото, човекови права и почитување и заштита на малцинствата, вклучително и почитување на целите на политичката, економската и монетарната унија.

Останува после првиот викенд од ова година да биде закажана седницата за избор на новата Влада и отпочнување со реализација на овие приоритети од програмата на новата коалиција со нов мандатар.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот. 
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ