• Latest

Владата одлучи второто полугодие за основното и средното образование да се одложи за 1 февруари, се прогласува кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија

January 18, 2022

Во болницата во Кочани се задржани четири пожарникари, осуммина се на Токсикологија во Скопје

September 7, 2025

(Видео) Русија погоди владин објект во Кијив, загинаа три лица меѓу кои и едно бебе

September 7, 2025

САД со нови предлози за примирје и ослободување на заложниците во Газа

September 7, 2025

Земјотрес почувствуван во Кичево, Охрид и околината

September 7, 2025

Пожарот во „Винчини“ ставен под контрола, повредени неколку пожарникари – згазиле во стопен шеќер

September 7, 2025

Меџити: Испратен е Инспекторатот на „Вардариште“, деновиве се очекуваат резултатите

September 7, 2025
Артилериска стрелба
Извор- официјална ФБ страница на АРМ

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста

September 7, 2025
Александар Вучиќ (фото извор: Wikimedia Commons)

Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

September 6, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Десетици убиени и ранети во континуираното израелско бомбардирање утрово

September 6, 2025
Бебиња умираат од глад во Газа
Фотографија/ скриншот од видео на ИТВ

Повеќе од 7.000 деца под петгодишна возраст во Газа се опоравуваат од неухранетост во период од две две недели

September 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владата одлучи второто полугодие за основното и средното образование да се одложи за 1 февруари, се прогласува кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија

January 18, 2022 09:03
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Владата на Република Северна Македонија, доцна синојка, на  втората  редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебната година за основните и средните училишта да се одложи, односно наставата со физичко присуство да продолжи на 1 февруари, согласно заклучокот од Главниот координативен кризен ковид-19 штаб и согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата.

Одлуката второто полугодие да продолжи на 1 февруари нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни како што е предвидено во календарот за настаната програма за основно и средно образование, со соодветна адаптација на наставните планови.

Како дел од одлуката за одложување на стартот на второто полугодие на учебната година се и задолженијата и укажувањата за Министерството за здравство, Министерството за образование и наука, Секторот за односи со јавност во Владата на Република Северна Македонија, Јавното претпријатие МРТ да упатуваат апели до учениците и родителите максимално да се придржуваат до мерките и препораките за заштита од ковид-19, во домашни услови и на отворено.

На оваа втора седница е донесена и Одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

Со оваа одлука, донесена на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, се утврдува постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука, на предлог на Комисијата за следење на состојбите со снабдување со топлинска енергија која што ја формираше Министерството за економија, ќе се преземат мерки и активности во врска со обезбедување дополнителни количини на топлинска енергија согласно утврдената кризна состојба, согласно Законот за енергетика и Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на топлинска енергија.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Реакции на статијата на „Цајт магазин“- 10 страници за висината и „уметноста“ на Рама, нула за корупцијата и заробувањето на државата; Косовското собрание не успеа да изгласа потпретседател од српска етничка заедница

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ