САФИТ ЗЕЌИРИ
Прашањето за една изборна единица во Република Северна Македонија е жестока тема која се отвора одвреме-навреме, но уште нема некоја жестока дебата помеѓу политичките партии за тоа зошто се бараат измените на изборниот систем и кои се клучните елементи за промена на постоечкиот систем. За пошироката јавност потребно е да се прецизира промената на овој систем со конкретно решение и едногласно сите политички партии во и надвор од Собранието да се договараат со цел на донесување на дневна точка и гласање на истиот.
Доколку не се анализираат сите сегменти од почеток до формата на целиот систем, тогаш не е потребна и промената на досегашниот модел, поради тоа што не е време за да се пробаат изборни системи кои се многубројни низ целиот свет.
Барањата од политичките субјекти во земјава се различни, некои од помалите партии бараат една изборна единица без праг, други со праг, трети бараат три изборни единици, пред неколку години дури се бараше од шест да се зголеми бројот на осум изборни единици. А досега ниту една партија не образложи кој и каков изборен систем би бил подобар и зошто да се промени постоечкиот без да се постават услови. На пример сите политички партии во државата да излезат сами на избори без коалицирање!
Ваквите калкулации се прават како една партија да дојде до повеќе гласови и да стане подредник на изборите или повеќе е клишето ние нешто бараме, сакаме да промениме за доброто на сите! Барањата за една изборна единица и промена на изборниот систем остануваат нејасни за јавноста.
За промена на изборниот систем не е доволно дебатата да се одвива само со политичките партии кои се веќе во Собранието, туку и со сите други кои се надвор од неа и транспарентно да се информира јавноста за сите фази на партиските состаноците, доколку постои волја за измени на овој систем.
Изборот, односно промената на изборниот систем е една од најважните институционални одлуки во еден демократски систем, кој има длабоко влијание врз политичкиот живот на земјава, носејќи значителни промени од партискиот систем, организирањето кампањи до начинот на владеење, формирањето коалиции или политичката култура, во што треба да се вклучат и експерти од областа на политичкиот систем.
Изборните системи и нивните варијации се многубројни и очигледно не постои магичен изборен систем со ефект на лек кој е применлив насекаде, но има политички приоритети на едно општество, кои системот ги решава кон подобро или полошо. Ваквите општествени приоритети на кои се однесува изборната реформа варираат од нивото на конкуренција, пропорционалноста на гласот, легитимноста на резултатот, правичноста на изборниот процес, леснотијата на организација, стабилноста на мнозинството што доаѓа по нив до добивање на мандатот и формирање на нова влада.
Доколку би дошло до измени на изборниот систем, зошто да не биде прифатена и идејата за воведување отворени листи, како начин за подобрување на квалитетот на пратениците и за “казнување” на неуспешните пратеници. Познато во нашето Собрание за добиените мандати да бидат едни па исти кои се вртат во круг. Отворените листи се користат и во други држави каде
што се верува дека двете добронамерни цели гарантираат поголема демократија и конкуренција. За многумина постои помислата дека отворените гласачки листи ја зголемува конкуренција, бидејќи се претпоставува дека е воспоставена директна врска помеѓу гласачот и кандидатот за пратеник, така што гласачите имаат можност да казнат еден пратеник кој подолго време бил во Собранието, во јавноста познат само за притискање на копчето “ЗА”, “ПРОТИВ” и “ВОЗДРЖАН”, или да наградат некој друг за кого може да се претпостави дека ќе ги застапи неговите поддржувачи и ќе биде гласот на народот преку собраниската говорница.
Општеството од многу причини треба да биде запознаена што нуди системот на една изборна единица со отворени листи или постоечките шест со отворени листи. Една од причините зошто овој систем со отворени листи е подемократски и репрезентативен е тоа што на гласачите им дава можност да гласаат за својот омилен кандидат во рамките на листата на политичкиот субјект. Со ова, граѓаните директно влијаат на изборот на кандидатите на листите што ги даваат политичките партии. Хипотетички, друга предност на овој изборен систем е тоа што ја намалува моќта на партијата која може целосно да се централизира во мала група на лица кои се блиски до клучните фигури.
Во пропорционалниот изборен систем со отворени листи, покрај меѓупартиската трка, заживува и трката внатре во партијата, бидејќи за кариерата на политичарот се неопходни и добиените гласови.
За функционален изборен систем потребна е детална анализа за да се олесни донесувањето одлуки и да се помогне да се утврди дали општеството ги фаворизира отворените листи или не.
Но тука се отвара друго прашање дали може да дојде до измена на изборниот систем во една изборна единица со отворени листи или да останат шесте со отворени листи, а на крај епилогот на сето ова отворено барање за една изборна единица да не се применува и да остане досегашниот изборен систем.












