• Latest

Повторно прекината собраниската Комисија за образование поради несогласувањето на опозициските пратеници за дневниот ред

February 18, 2022
Фото: Скриншот од видео на профилот на Антонио Кошта/Х

Антонио Кошта го честита Денот на независноста: ЕУ останува посветена на македонскиот европски пат

September 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Најмалку 5 лица убиени во терористички напад врз автобуска станица во Ерусалим

September 8, 2025
Први коментари од Трамп откако неговиот мегазакон беше усвоен. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп тврди дека е подготвен за „втора фаза“ од санкциите против Русија, ќе разговара со Путин „многу наскоро“

September 8, 2025

Уште 7 дена за пријавување на повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи, крајниот рок е 15 септември

September 8, 2025
Фото: МНР на Украина/ Х

Честитки од МНР на Украина по повод Денот на независноста

September 8, 2025
Војо Маневски

Зошто се злоупотребуваат тајните служби?

September 8, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Зависна независност

September 8, 2025
Фото: Скриншот од видео

Одбележување на 34-годишнината на Денот на независноста – „Од сон до реалност, за вечност“

September 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Израелскиот врховен суд пресуди: Палестинските затвореници не добиваат соодветна храна

September 8, 2025

Руската хибридна војна против Европа (1): Европа конечно признава дека е нападната

September 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Повторно прекината собраниската Комисија за образование поради несогласувањето на опозициските пратеници за дневниот ред

February 18, 2022 13:26
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Тензично беше и денеска на седницата на Собраниската комисија за образование, наука и спорт. Поради несогласувања на опозициските пратеници од ВМРО ДПМНЕ  , повторно не започна расправата по двете точки на дневниот ред на  деветта седница на собраниската  Комисија, која денеска го имаше петтото продолжение.

Атмосфера беше на раб на поголем инцидент, поради што претседателката на комисијата, Жаклина Лазаревска од СДСМ  даде еден час пауза. Според Лазаревска, дневниот ред бил изгласан со осум гласа „за“ на седницата на 17 јуни 2021 и затоа продолжуваат со работа.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, пак, кои собрани пред претседателката реагираа бурно, негираа дека дневниот ред тогаш бил усвоен и побараа снимка од таа седница. Инсистираа дека треба да им се дозволи процедурални излагања пред усвојување на дневниот ред.

-Колку што сакате процедурални ќе имате, ако сакате пет месеци, пет месеци ќе си терате. Не е проблем, јас ќе ви давам, рече Лазаревска, која за да ја смири полемиката даде еден час пауза, како што рече, за понатамошни договарања.

По подолго време е закажано продолжение на оваа седница на која уште од јуни на дневен ред се Предлог-законот за именување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Бирото за развој на образованието, двата во прво читање.

Претседателката на Комисијата и пратеничката на СДСМ, Жаклина Лазаревска, обвини дека ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно го покажа своето вистинско лице, го покажа своето лицемерие и на дело ја покажа негрижата за граѓаните.

Таа рече дека пратениците од опозициската партија со своето срамно и дрско однесување денеска повторно ја блокирале постапката за донесување на предлог законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование.

На почетокот на денешното продолжение претседателката на Комисијата Лазаревска соопшти дека е присутен заменик-министерот за образование и наука Љуљзим Алиу.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Зависна независност

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ