• Latest

Војна во Украина: Воена и хуманитарна помош, санкции, меѓународна изолација, барање за членство во НАТО

March 1, 2022

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Војна во Украина: Воена и хуманитарна помош, санкции, меѓународна изолација, барање за членство во НАТО

March 1, 2022 10:56
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Украина Володимир Зеленски вчера  го потпиша барањето за членство на Украина во Европската унија. Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Чешка, Полска, Словачка и Словенија веќе повикаа на итно членство на Украина во ЕУ.

Воена помош

За заштита на Украина, голема количина помош продолжува да доаѓа од партнерите: од панцирни елеци и шлемови до преносни противвоздушни ракетни системи и противтенковски системи.

Прашањето за зајакнување на воздухопловните сили на Вооружените Сили на Украина се решава за уште повеќе да му се даде отпор на агресијата од воздух.

За прв пат во својата историја, Финска обезбедува вооружување: 2.500 автоматски пушки, 150.000 парчиња муниција, 1.500 RPG за еднократна употреба и 70.000 комплети за храна.

Шведска обезбеди воена помош за прв пат од 1939 година. Шведската влада ѝ предава на Украина 135.000 оброци, 5.000 шлемови, 5.000 панцири и 5.000 единици на противтенковски оружја.

Норвешка, исто така, донесе исклучителна одлука за поддршка на Украина, оттргнувајќи се од политиката на недавање оружје на земјите кои не се членки на НАТО, а кои се наоѓаат во состојба на војна. Осло ни испраќа 2.000 фрлачи на противтенковски гранати!

Луксембург и обезбедува на Украина противтенковско оружје.

Неутралната Австрија наскоро ќе испрати шлемови, заштитни елеци и гориво.

Санкции

Расте меѓународната изолација на Русија. Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Австралија најавија воведување на нови санкции. Швајцарија за прв пат се приклучи кон санкциите на ЕУ. Оние кои порано беа неутрални сега се борат заедно со Украинците против руските напаѓачи.

Азија, која претходно заземаше претпазлив став, исто така се приклучува на антипутинската коалиција. Сингапур воведува ограничувања кои вклучуваат контрола на извозот, санкции против руските банки, прекинување на летовите.

Украинските партнери и нанесуваат разорни удари и на Централната банка на Русија. Канада им забрани на сите финансиски институции да вршат какви било трансакции со Централната банка на Руската Федерација. Канада, исто така, ја објави својата намера да го прекине увозот на нафта од Русија.

Монако, кој е сакан од руските богаташи, ќе нанесе удар врз рускиот естаблишмент и ќе воведе санкции идентични на ограничувањата на ЕУ.

Хуманитарна помош

Хуманитарна помош пристигнува од целиот свет. Камиони со потребните производи веќе ги напуштија Франција, Словачка, Швајцарија, Индија, Естонија и Литванија.

Велика Британија синоќа ја испрати првата пратка медицински материјал во Полска. Вкупно Лондон одвои 40 милиони фунти за хуманитарна помош. И ова е само мал дел од помошта што ни ја даваат пријателите од целиот свет.

Меѓународна изолација

Со секое гранатирање на украински град или село, Русија се повеќе се изолира од светот. Бројот на држави кои го затворија својот воздушен простор за руски авиони е зголемен. Сега им се придружи и Албанија. Покрај тоа, Русија сега се соочува со масовно затворање и ограничувања на поморските патувања. Обединетото Кралство работи на законско решение за да спречи руски бродови да влезат во британските пристаништа.

Пред неколку дена Европската радиодифузна унија објави дека ниту еден руски изведувач нема да учествува на овогодинешниот натпревар за песна, а вчера ФИФА и УЕФА одлучија да ги исклучат руските репрезентации и клубови од учество во натпреварите под нивно покровителство.

САД испраќаат 12 руски дипломати од мисијата на ООН за зголемување на притисокот врз Русија.

„Меѓународната антипутинска коалиција е во тек. Украинската дипломатија обезбедува сигурна позадина за нашата војска. Со такви храбри војници и таква голема поддршка од светот, ќе ги принудиме напаѓачите да ја запрат агресијата. Слава на Украина!“ – изјави Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ