• Latest

Ковачевски-Сојузот на средношколци: Младите клучен владин партнер во креирањето успешни образовни политики

May 13, 2022

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Ковачевски-Сојузот на средношколци: Младите клучен владин партнер во креирањето успешни образовни политики

May 13, 2022 19:52
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Предлозите на Сојузот на средношколци за прилагодувања на државната матура, поради предизвиците предизвикани од пандемијата на КОВИД-19 и штрајкот на вработените во средното образование, беа меѓу темите на денешната средба на премиерот Димитар Ковачевски во Владата со делегација на Сојузот, предводена од неговиот претседател Лука Павиќевиќ.

Како што соопшти владината Прес-служба, на состанокот, на кој присуствуваа и пратеничките Моника Зајкова и Санела Шкријељ, беа разгледани сите барања на претставниците на Сојузот на средношколци и беа донесени соодветни предлози и решенија.

„Премиерот Ковачевски истакнувајќи дека младите се една од движечките алки во општеството и клучен владин партнер во креирањето на успешни политики за создавање современо и квалитетно образование ги поддржа младите средношколци со свој претставник да бидат вклучени во стручната работна група која ги изготвува измените и дополнувањата на Законот за средното образование, под водство на Министерството за образование и наука“, се наведува во соопштението.

Ковачевски додаде дека реформите се комплексни и нагласи дека клучно е при реформирањето на услугите и системите, одлуките да се носат заедно со оние на кои се однесуваат, во случајов на младите и нивните професори.

„Во врска со барањата за модифицирање на државната матура, која е збир од повеќе екстерни и интерни испити со кои се проверуваат и се вреднуваат знаењата, вештините и способностите на учениците кои ги стекнале во четиригодишно средно образование, беше посочено дека на барање на средношколците од минатата година веќе се скратени програмите за екстерните испити, поради пандемијата од КОВИД-19“, информираат од владината Прес-служба.

Во соопштението се додава дека претседателот на Владата и Сојузот се согласија дека прашањата за екстерните испити ќе го опфаќаат материјалот заклучно со март со што не е опфатен периодот кога беше штрајкот на образовниот кадар.

„Банките со прашања за интерните испити ќе бидат споделени со ученици најмалку три недели пред денот на испитот. Базата на прашања за интерните испити ќе биде споделена, а за екстерните испити, на веб страницата на Државниот испитен центар (ДИЦ) се објавени тестовите од сите претходни години. Прашањата се соодветни на испитите од минатите години и ќе бидат опфатени во еден ПДФ документ на веб страната на ДИЦ, односно ДИЦ ќе изготви Каталог на прашања за екстерните испити“, се додава во соопштението.

 

На состанок, премиерот Ковачевски повтори дека тој сосема ги разбира барањата на средношколците и како универзитетски професор секогаш во соработка со министерот за образование и наука и останатите образовни институции ќе се ангажира за обезбедување квалитетен образовен процес во континуитет.

„По однос на барањето од претставниците на Сојузот на средношколци за продолжување на рокот на изработка на проектна задача, како дел од државната матура беше одговорено дека тоа веќе е сторено и до 16 мај (понеделник), оние 10 проценти од матурантите во државата (1.598 ученици) кои сѐ уште немаат завршено со овој, клучен дел од матурскиот испит, ќе можат тоа да го сторат во продолжениот рок. На денешниот состанок, сите учесници се согласија дека матурата е заокружување на еден дел од образованието и учениците коишто не планираат да продолжат со образованието, имаат избор да полагаат или само училишна матура или завршен стручен испит во зависност од нивното училиште“, се нагласува во соопштението.

Воедно по барање на Сојузот беше договорено да се спроведе и дополнителна испитна сесија за оние матуранти кои во испитниот период не би можеле да полагаат заради спреченост од вирусот КОВИД-19.

„На денешниот состанок со премиерот, присутните претставници на Сојузот на средношколци го запознаа премиерот Ковачевски со нивното барање и подготвените предлози од нивна страна за измена во Законот за средно образование, а кои се однесуваат на барањето бесплатниот јавен превоз да биде достапен за сите средношколци, без разлика дали наставата ја посетуваат во јавно или приватно средно училиште, како и да се дефинираат одредени училишта кои заради потребата од пракса имаат потреба од превоз и преку летото“, се вели во соопштението.

Во оваа насока, од претставниците на Сојузот на средношколци беше поздравена Одлуката на Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за транспорт и врски и Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД – Скопје да се воведе бесплатен превоз во железничкиот сообраќај за сите ученици во средното образование, еднаш неделно, во среда, а која Одлука е согласно мерките за намалување на трошоците на живот за граѓаните и со цел  поттикнување на железничкиот сообраќај како најевтин и еколошки превоз.

„Претставниците на Сојузот на средношколци го запознаа премиерот Ковачевски и со нивната иницијатива „Лидер/ка на училиште, лидер/ка во иднината“, која ја спроведуваат заедно со ИДУЕП, а за цел има воведување на средношколска демократија во сите средни училишта од државата и регулирање на средношколското организирање за првпат во историјата. Денешниот состанок од сите учесници, беше заокружен со изразување задоволство од планираната нова концепција на матура, којашто ќе биде согласно потребите на актуелното културно и општествено живеење, а која веќе се подготвува од Министерството за образование и наука, Државниот испитен центар и во соработка и учество на сите засегнати страни“, се додава во соопштението./МИА/

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ