• Latest
Војо Маневски

Шмушкање цитрони

June 23, 2022
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Шмушкање цитрони

June 23, 2022 10:52
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ 

Постои ли некој државен систем околу кој се согласуваат граѓаните дека функционира на корист барем на поголемиот дел од нив. Не знам дали е до системите или до нашиот менталитет, ама никако да се сетам на нешто такво. Овде не мислам на јавните изјави за институциите од едната или другата страна на политичкиот спектар, туку на мислењето на обичните луѓе.

Можеби е тоа во човечката природа, како поединец недоверлив кон државата, но кога е општо мислење тогаш песимизмот е нормална последица. Изгледа тоа е поради нашето поимање на заедницата и нејзините вредносни правила. Нема голема разлика околу тоа кај сите балкански народи, горе-доле функционираме на сличен начин. За нас јасните правила за однесување повеќе се израз на владеењето на отуѓени центри, отколку посакувано поведение што е ќе ни овозможи подобро функционирање на државата. Ние си сакаме можност да можеме да сѐ препознаваме по роднокрајни, меѓусебни „на ти го, дај ми го“ врски и да ги прескокнуваме зададените правила, а при тоа постојано да приговараме на сѐ и сешто околу себе.

Ете пак почнав да паметувам, како сето ова вие мои почитувани читатели, да не го знаете, а само сакав да напишам вовед во уште една приказна за мојот комшија и моите разговори со него. Од другите можеш и да избегаш, ама од себеси никако.

Понеделнички го надгледувам денот што се раѓа од Исток да не речам од Бугарија, а две гугутки ми го разубавуваат утрото. Сложно нешто си гукаат и го завршуваат гнездото високо во мојот семеен орев. Погледнувам кон Бугарија и се смеам во себе, кога се сетам на разните вести од тој сосед за нашата европска иднина. Примерот на двете гугутки само ја покажува неприродноста на човечкото битие. Птиците градат заедничко гнездо, а луѓето гледаат чие гнездо да го преземат.

Ако има нешто што е непририроден звук во утринскиот акорд на звуци, тогаш е ѕвонењето на телефонот, па било која музика да е во него. Како сите човечки неприродности да се собрале во таа мала направа, без која изгледа нема да може да функционираме.

– Комшија забележав дека си во дворот, па штом не спиеш реков да се јавам и да те замолам за нешто, го растури до крај утринскиот мир, мојот собеседник. Гласно се насмеав, сеќавајќи се на некогашните писма, кога требаше нешто да се јави, вака започнуваа „еве најдов слободно време и решив да се јавам, пишувајќи го ова писмо“, а сега веднаш бррр.

– Кажи комшија, ако можам нешто да помогнам кога веќе сум на нога, му одговорив.

Слушај, знам дека го познаваш докторот што снима стомак и сакам да видиш дали може да дојдам некако на ред да се снимам. А бе зедов упат и се јавив, а добив одговор дека ќе бидам на снимање на 8 септември. Еее, сега е јуни, а дотогаш што треба да правам, да шмушкам ли цитрони?!

О боже, си помислив, никој не е толку мудар како народот. Шмушкањето на цитрони во устата прави мешавина од горчлив и кисел вкус, кој веднаш ти го намрштува лицето, а устата ти ја собира како за детска целувка. Ако сакаш да ја опишеш состојбата со нешто околу себе, што ти прави такви последици, е тогаш употреби ја штипската досетка со шмушкањето цитрони.

– Види комшија, јас добро се знам со лекарот, ама таму има некакви правила околу упати, па термини и слични постапки. Морам да го прашам прво, а после да ти јавам.

– Е, бре новинарче од далеку се браниш, па не сум јас од Кушкундалево да не знам што треба да се подготви за на лекар. Ти само прашај дали може да ме сними што побргу, а не да чекам до септември и толку, не барам кој знае што. Ако не сакаш да помогнеш тоа е друго, ја претстави дисертацијата за проблемот комшијата при тоа не ме праша дали можам да помогнам, туку се сведе на мојата волја, дали сакам тоа да го сторам.

„Човече, ако желиш да сазнаш пристани на све, ако желиш да мењаш људе не одмеќи се“, како детален опис на мојата ментална состојба ми поминаа стиховите на Штулиќ. Телефонот повторно ја заврши својата функција на неодминлива алатка за комуникација и прегледот беше договорен за 13 часот кога лекарот е на пауза.

– Слушај комшија, вооружи се со извештаи за болеста и зачешлај се малку, па во еден кај лекарот со важност на влијателен човек, му се јавив на комшијата.

Е, е, е, виде ли дека сѐ се може кога се сака, а дечко ми врати. А бе вас новинарите, кој не ве знае скапо ќе ве плати. Како бургија сте, вртите, вртите и нешто излезе. Ова го знам уште кога бев шеф во фондот за пензиско, сакаше да го продлабочи разговорот комшијата, ама го прекинав.

– Во дванаесет и половина на мостот кај Л’џите да се чекаме, наредив!

Достапноста на здравствените институции треба да ѐ што ѐ можно полесна. Тоа е едно од сообраќајните правила во уредениот свет. Кај нас ни Фитипалди не може да стигне бргу до болницата. Никој не ни е крив кога таа е правена во триесеттите години на минатиот век и за тогашно време на погодно место изградена и од тогаш само се прилагодува на современите потреби. Колку тоа прилагодување е успешно заклучокот ќе го донесете кога ќе влезете во штипската клиничка билница. Има елементи на архитектура од сите правци  на дваесеттиот век, без исклучок. Веднаш до неа се гради нова болница чии темели се ставени скоро пред една деценија. Нешто и сега се работи во неа, ама тоа не оддава надеж дека наскоро ќе биде готова.

– Ту бре една болница не можат да направат. Едни почнат други застанат, па они почнат, па застанат и кој знае кога ќе биде готова, не издржа да не прокоментира мојот комшија. Гледаше ли како Кинезите за една недела направија десетпати поголема болница, а ние за една деценија до половина стигнавме од нашата болница. Кога заврши лицето го беше згрчил како штотуку да беше зашмушкал во цитронот.

Низ разни скали се симнавме пред просторијата каде со компјутерска технологија се снимаат разни делови од човечкото тело. Пред нас имаше еден постар пациент со гипсирани скршеници и седнат во количка. Неколку други пациенти од разна доба од животниот век чекаа со болнички документи во рацете.

– Е сега, оди јави му се на лекарот дека стигнавме, нема смисла да не чека, итро ми предложи комшијата со скриена намера да го избегне чекањето во редот на пациенти.

– Ќе излезе тој кога ќе прави пауза му објаснив, избегнувајќи ги прекорувачте погледи на пациентите, кои се плашеа за своето место во редот за снимање.

Медицинска сестра со кинеска имитација на боросанки излезе од една врата и дојде до пациентката, која седеше на крајот од ходникот.

– Ајде, ти што си овде уште од сабајлево, што чекаш? Ако не се јавиш сама никој нема да ти даде ред, со тон на постар водник ни објасни на сите кој е на ред за снимање. Жената срамежливо стана и појде со медицинската сестра, која без да тропне влезе во лекарската соба заедно со штитеничката.

Ај да се кладиме дека не е пациентката од сабајле! Мора да и е, некоја пријателка или роднина. Ај сега кажи нешто дека си пред неа на ред, има во топ да те стави и ќе чекаш овде до крајот на работното време, ја осветли состојбата мојот комшија.

– Јас сум овде скоро два часа, ама оваа госпожава што влезе не ја видов. Кој си нема врски ќе си чека, следуваше коментар на пациентката во средината на редот што чекаше за кај лекарот. Еден часот стана, а лекарот сѐ уште го немаше да се појави на вратата.

Нешто нѐ заборави твојот пријател, закачливо ме потсети комшијата. Штом сме тука ќе чекаме, ама да не биде тоа и до другата пауза, отровно констатира.

Од некоја споредна врата се слушаше гласот на медицинската сестра, како разговара со некого.

– Добро, добро само дајте ми го бројот да ја повикам!

Пациентката што рече дека чека два часа, се фати за чантата и го извади телефонот.

– Да, јас сум, да чекам овде пред канцеларијата, еве идам! Стана и без никаков коментар помина пред нас и ја отвори вратата.

– Јас сум за кратко само да ги оставам резултатите, нема долго да се задржам, дофрли веќе навлезена во канцеларијата.

Еее, нема долго, само едно половина час да си заврши работата и ќе си излезе, комшијата не издржа да не прокоментира. Постариот пациент само неколкупати заофка и продолжи да дреме во количката.

А бе новинарче, за ова да пишуваш, за овие наши маки да пишуваш, а не за Европа, па за Бугарија. Ете ти Европа кај нас, мислиш ти ова не го знаат и не го виделе европејците. Е ,затоа ќе си дремеме овде на Балканот и нема да нѐ примат во нивниот клуб на уредени држави. Гледаш ли какво ни е здравството, па за друго да не зборуваме. Туку, ај ти ѕврцни го лекарот ќе ни пропадне денот и доаѓањето ќе ни биде за џабе!

Нервозно го допирав телефонот и смислував порака за лекарот да му јавам дека сме овде, а сепак да не го навредам зошто гледам дека има многу работа.

По десетина минути се појави истата сестра, ама сега со „насмевка на Клаудија Кардинале“ и ми се обрати: Ајде новинар ти и твојот пријател дојдете, ве бара лекарот! Тргнав кон вратата и погледнав кон постариот пациент во количката, а тој само воздивна и ги собра веѓите, покажувајќи дека болката едвај ја поднесува.

Лекарот нема да ви го опишувам поради заштитената приватност, но и така тој во приказнава е само спореден лик.

Додека со некакви џојстици поминуваше по телото на комшијата, јас молчев и се обидував да заклучам: „Дали системот е крив или ние и најдобриот систем што ќе се постави го искривуваме, за да ни „легне“ на нашите навики и начин на разбирање на односите меѓу нас“.

Добро е, добро е, нема ништо страшно, само неколку гастритиси и вишок на киселина што е од начинот на исхрана, ја постави дијагнозата лекарот и почна да му објаснува на комшијата што да јаде и што не смее да јаде.

Со климање на главата му се заблагодарив на лекарот, зошто дилемите во мене околу здравствениот систем можеа да доведат до долга дискусија и потреба од помирување меѓу нас со салата и дваесет ќебапи.

Комшијата ништо не рече за дијагнозата, само длабоко му се заблагодари на лекарот, фалејќи ја неговата стручност, а по пат споменувајќи ги сите од неговото семејство со кој се познава. А бе и дома се расправам со моите. Да оставиме лекарите да кажат што ми е, а не вие разни Баба Ради ми препорачувате со тревки и чаеви. Затоа и се студира пет шест години медицина, па после специјализација, па дури тогаш лекар со сите нишани. Една деценија учење не била важна, а они сега сите од Гугл се лечат. Докторе, многу ви благодарам, заврши комшијата и излеговме во чекалната. Немаше пациенти, а само постариот човек седеше во истата состојба како кога влеговме во ординацијата. Офкаше, а лицето му беше згрчено и устата собрана како да шмушкал цитрони. Пријдов и ја одведов количката до пред вратата на ординацијата, плашејќи се да не пореметам некој однапред поставен ред на влез кај лекарот.

Е сега новинарче, кажи нешто, ако смееш! Јас имам болки, грчеви во стомакот, ако плукнам од киселината бетонот ќе го изгорам, а он вели сум имал гастритиси и вишок киселина од храната. Па јас исто јадам толку години. Ова што ми го препишал можев и јас од аптека сам да си го земам. Колку сум испил вакви таблетки за шмушкање, еее. Па напиши нешто за состојбата во здравството ако смееш. И ти со лекарите не се закачуваш, се си мислиш ќе ти требаат за тебе, ај кажи дали грешам, кажи! А они какви лекари се, тоа чудо едно. Со тројки завршија овде гимназија и после во Бугарија сите дипломираа медицина. Е како бе сѐ што отиде таму заврши, никој не падна, па да се врати, сите лекари станаа? За малку мислев дека ќе ме праша дали ме боли „куремот“. И сега што да правам новинарче, да собирам пари и да одам во приватните болници да ме прегледаат? Тие само пари гледаат, ама барем ќе те пречекаат со насмевка, нема да чекаш цел ден, сѐ убаво ќе ти објаснат, па на крајот, пак што ти Господ даде тоа ќе ти биде. А додека соберам пари што да правам, да шмушкам цитрони?

– Е комшија, комшија, нема ни друг лек освен да шмушкаме цитрони, ако имаш еден дома дај и јас да шмушкам.

А како се завршуваа писмата некогаш. „Ете на крајот само да Ве поздравам, а јас сум добро и истото и Вам ви го посакувам таму во Њујорк или Перт“. Да не заборавите да шмушкате цитрони колку да го запазите идентитетот, поздрав многу!

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    157 shares
    Share 63 Tweet 39
  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    157 shares
    Share 63 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    136 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ