• Latest

Државниот врв со јасно дефиниран став за европскиот предлог, опозицијата не го прифаќа

July 4, 2022
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Државниот врв со јасно дефиниран став за европскиот предлог, опозицијата не го прифаќа

July 4, 2022 09:14
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По Владата и претседателот на државата Стево Пендаровски вчера излезе со позитивен став во врска со европскиот предлог за симнување на бугарското вето за почеток на преговори на земјата со ЕУ. Во врска со предлогот по состанокот на Советот за безбедност, премиерот Димитар Ковачевски имаше средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој искажа дека тој за нив е неприфатлив.

Консултациите на владините претставници во Скопје продолжуваат и денеска. Премиерот Ковачевски вчера најави средба со лидерот на Алијанса на Албанците Зијадин Села.

-Остана за консултација уште дел, јас утрово имав телефонски разговор со Зијадин Села, најверојатно утре ќе се видиме со вицепремиерот за европски прашања да му биде претставен, објаснет во сите делови, изјави вчера Ковачевски по средбата со Мицкоски.

Во однос на консултациите со Собранието, премиерот рече дека дискусијата во Собранието ќе се одвива во согласност со собраниските процедури, бидејќи како што рече, „Владата не може да наложува на кој начин ќе се води расправата“.

Исто така се очекува, според најавaта на министерот за надвореши работи Бујар Османи од брифингот со новинарите во саботата тој денеска да има онлајн средба со неговата бугарска колешка Генчовска.

По состанокот на Советот за безбедност изјава имаше претседателот на државата Стево Пендаровски.

-Модификуваниот француски предлог е транзиционен компромис за една од фазите на европските интеграции, во која три елементи се битни и затоа предлогот во овој формат е прифатлив, изјави Пендаровски по седницата на Советот за безбедност.

Одлуката да се прифати модификуваниот француски предлог, нагласи, нема да биде ниту историски триумф на едната страна, ниту историски неуспех или дебакл за другата страна.

-Со прифаќање на предлогот ја креваме бугарската блокада која трае повеќе од две години и се дозволува формално отворање на преговорите после 17 години чекање. Овозможува скрининг процес, што е задолжителна фаза пред преговорите за кластерите – поглавја и што е најважно со ништо не го поткопува македонскиот идентитет затоа што темелната одреденица за македонскиот јазик во предлогот има чиста формулација без фуснота, смета Пендаровски.

Очекувам, предлага тој, откако францускиот предлог ќе влезе во Владата, да се донесат владини заклучоци, кои во случај да се прифати овој предлог, би морале да имаат реченица плус, а таа реченица да се повтори во извештајот на Владата до Парламентот, а тоа е дека од денот кога ќе ги отвориме преговорите до денот кога ќе ги завршиме, не е битно колку години, ако има евентуално дополнителни обиди од бугарска или чија било страна во рамки на тие преговори со Европа повторно да се спомнуваат прашањата македонски идентитет, македонска историја, македонски јазик, во истиот момент, да не чекаме ни час некој друг да не блокира, туку самите да се повлечеме од тие преговори.

Премиерот Ковачевски по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски во Клубот на пратеници рече дека имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки и јасно израени ставови и за тоа не треба да имаме никакви дилеми.

-Во европскиот предлог имаме дефинирани позиции за јасно и недвосмислено прифаќање на македонскиот јазик. Ова беше најважното прашање за нас и затоа сакам да сум кристално јасен. Македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на ЕУ без никакви фусноти, ѕвездички, дообјаснувања и астерикси, изјави тој.

Ковачевски истакна дека предлогот ги става билатералните и историските прашања надвор од преговарачката рамка.

– Отворените прашања треба да бидат затворени, но за тоа ќе имаме време се додека истите не се достоинствени и за двете страни. Европската унија посочува дека тоа треба да се реши на билатералната основа и затоа ова не е никако дел од рамката за преговори. Добрососедските односи како такви се фундамент на ЕУ. Ние сме се согласиле дека ќе го прифатиме тоа како факт уште во 2001 година кога е потпишана Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Во тој дух, по тој принцип и по таа воспоставена пракса наша обврска како членка на Унијата ќе биде да работиме на добрососедските односи и тоа ќе го правиме преку исполнување на Договорот за добрососедство исто како што го правиме и со исполнување на Договорот од Преспа, рече премиерот.  

Посочи дека протоколот меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија не е нотиран и не е дел во преговарачката рамка. Тоа е билатерален документ, кој не е дел од европскиот пакет.  

– Овој конечен европски предлог овозможува безусловен старт на пристапните приговори на Северна Македонија со ЕУ и операционализација на одлуката на Европскиот совет од март 2020 година. Преговорите со ЕУ ќе можеме да ги започнеме веднаш по донесувањето на нашата одлука за прифаќање на предлогот.  Сите сме свесни за чувствителноста по однос на ова прашање. Лесно е да отфрлиме, да одложиме, да изберме нова неизвесност. Но, во овој историски момент е потребно рационално размислување со ладна глава, потребна е мудрост и одговорност и објективно анализирање на сите сценарија грижејќи се за иднината за нашите деца. Од ова прашаење не смееме да правиме дневна политика. Ова е историски важно и стратешко прашање на кое секој политичар, граѓанин треба да му пристапи многу сериозно, кажа Ковачевски.  

Тој апелира сите да се држат до фактите, до официјалните документи и нивната правилна интерпретација. Ги повика сите политички чинители да ја земат предвид големината на задачата и да постапуваат конструктивно, одговорно и државнички.

За Мицкоски и за ВМРО-ДПМНЕ овие два документи се неприфатливи.

-Ниту за мене лично, ниту пак за ВМРО-ДПМНЕ, овие два документи вакви какви што се се прифатливи. Му понудив на Ковачевски да излезе и да го одбие ова коешто е доставено како предлог, а јас да се повлечам од барање за предвремени парламентарни избори. И трета работа, му понудив, ако толку верува дека е обезбеден идентитет, тогаш најпрвин во делот од заклучоците од првата меѓувладина да бидат избришани членот 11 и членот 14, рече тој по средбата.

Само треба да го одбијат предлогот, да речат не бидејќи, според него, ова не се преговори, и ова не е преговарачка рамка со којашто ние обезбедуваме европска иднина туку ова е преговарачка рамка со којашто или се асимилираме и бугаризираме па така да бидеме дел од ЕУ или нема да бидеме дел од ЕУ.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ