• Latest

Континуиран интерес за изучување на македонскиот јазик на престижниот Лондонски глобален универзитет, успешно заврши летниот семестар на курсот по македонски јазик

July 23, 2022

Старт на тридневната меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“

October 8, 2025

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Континуиран интерес за изучување на македонскиот јазик на престижниот Лондонски глобален универзитет, успешно заврши летниот семестар на курсот по македонски јазик

July 23, 2022 11:51
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Британци се воодушевени од македонскиот јазик и го изучуваат на одделен курс на којшто подетално се пренесуваат знаења и за македонската литература и култура. Курсот по македонски јазик веќе три академски години по ред, се одржува на Школата за словенски и источноевропски студии на престижниот Лондонски глобален универзитет во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ).

Деновиве, како што информираат денеска од МСМЈЛК, успешно заврши летниот семестар на курсот, при што уште еднаш беше потврдена посветеноста на слушателите / студентите во изучувањето на македонскиот јазик, литература и култура, но и нивната определба да бидат афирматори на македонистиката во Обединетото Kралство.

Ваквите форми на настава по македонски јазик, каков што е курсот во Лондон, којшто се одржува во вечерни термини, овозможуваат дополнителна афирмација на македонистиката на реномирани образовни и научни центри во Европа и светот. Преку нив, се додава понатаму, се овозможува и запознавање и соработка со нови поддржувачи на македонскиот јазик, литература и култура, коишто добиваат можност за напредни знаења. Од голема важност е што голем поддржувач на овој курс е и амбасадата на нашата земја во Обединетото Кралство, којашто придонесува за уште поголем поттик на слушателите – идни македонисти.    

-Како Семинар изразуваме големо задоволство што по долги години откога престана да работи тамошниот лекторат по македонски јазик, во изминативе три академски години, македонскиот јазик повторно се изучува во Лондон, и тоа на престижниот Лондонски глобален универзитет. Во изминатиот период, настојувавме на секој можен начин да придонесеме за успешноста на курсот, вклучително и преку учебници, односно наставни помагала, но нема да запреме тука! МСМЈЛК при УКИМ ќе стори сè со што може за да оствари свој влог и во натамошниот квалитет на курсот и во поттикнувањето на слушателите за нивна натамошна посветеност на македонистиката, со надеж дека некои од нив, следните години ќе бидат учесници и на нашите летни и зимски школи, а оние коишто потемелито ќе се посветат и на научната дејност, и на Меѓународната научна конференција, истакнува директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска по повод успешното завршување на летниот семестар на курсот по македонски јазик на оваа реномирана високообразовна институција во Британија. 

Таа одделно ги посочува заложбите на професорката по македонски јазик којашто го држи овој курс и на нашата амбасадорка во Обединетото Кралство.

-Враќањето на македонскиот јазик на високообразовна институција во Британија е исклучително значаен чин. Затоа, од името на МСМЈЛК при УКИМ морам одделно да ги истакнам заложбите на професорката Ана Илиевска-Завршник, со чијашто заложба се случи македонскиот јазик да се изучува и во рамките на вечерните курсеви на Школата за словенски и источноевропски студии. Но и заложбите на нашата амбасадорка, Александра Миовска, којашто од самите почетоци, со цврста и конкретна поддршка, суштински застана зад овој курс по македонски јазик. Но и не само на почетоците, туку постојано давајќи поддршка и согласно со своите надлежности залагајќи се за успешноста на курсот и за потребите на слушателите. Искрено се надеваме и посакуваме ентузијазмот и поддршката да продолжат, а ние како МСМЈЛК при УКИМ ќе го испорачаме сето она што можеме за оваа успешна приказна на македонистиката, нагласува Мојсова-Чепишевска.

На последниот час од летниот семестар на курсот по македонски јазик, слушателите / студентите оствариле средба со амбасадорката на Р С. Македонија во Обединетото Кралство, Александра Миовска и новоименуваниот британски амбасадор во нашата земја, Метју Лосон, на којшто се разменувале искуства од изучувањето на македонскиот јазик и совладувањето на неговите специфики. Изминативе години, истакнуваат од Меѓународниот семинар, амбасадорката остварува редовни средби со слушателите на курсот, како и со професорката Илиевска-Завршник.

Покрај редовната настава по македонски јазик, во чиишто рамки Британците се запознаваат и со македонската литература и култура, изминативе години, на Лондонскиот глобален универзитет, преку овој курс се одржаа и настани посветени на македонистиката, меѓу коишто се издвојува одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, коешто беше и еден од првите настани со коишто се одбележа големиот јубилеј.  

Инаку, дел од фондот на библиотеката на Школата за словенски и источноевропски студии на Лондонскиот глобален универзитет се бројни книги на македонски јазик, како и книги од македонски автори преведени на англиски јазик, коишто се постојано достапни и за слушателите на курсот по македонски јазик, но и за сите студенти на Школата. Во рамките на курсот по македонски јазик на оваа реномирана високообразовна установа се користат и учебниците по македонски јазик и учебникот за македонска литература и култура издадени од МСМЈЛК при УКИМ.

Курсот по македонски јазик во Лондон се остварува со поддршка и од Министерството за образование и наукам стои во соопштението./МИА/

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ