• Latest

Бугарските претставници на Клубот за бугарско-македонско пријателство не ја прифаќаат Декларацијата на бугарското МНР за македонскиот јазик

July 23, 2022
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Бугарските претставници на Клубот за бугарско-македонско пријателство не ја прифаќаат Декларацијата на бугарското МНР за македонскиот јазик

July 23, 2022 12:03
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во посебна позиција, бугарските членови на Клубот за бугарско-македонско пријателство го изразуваат својот став за документот на бугарското Министерство за надворешни работи, во кој експлицитно се нагласува дека Бугарија продолжува да не го признава македонскиот јазик, јавува дописникот на МИА од Софија.

Според нив, ваквата декларација непотребно го усложнува и го попречува процесот на зближување меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија и им служи на интересите на субјектите од двете страни на границата, кои конфликтот го претворија во поле за заработка на дивиденди.

Создавањето на современите официјални литературни јазици е сложен историски процес кој продолжил во Европа од 16 до 20 век. Во него е можно на историски иста дијалектна основа, но поради различни историски, културни и политички фактори, да се формираат повеќе од еден литературен јазик, е напишано во нивната позиција.

Македонскиот литературен јазик, формиран на дијалекти кои од историски и политички причини останале надвор од процесите на создавањето на бугарскиот литературен јазик, постои најмалку 70 години и има своја сложена судбина. Одамна не е „дијалект на бугарскиот“, бидејќи за разлика од кој било дијалект, тој во целост им служи на сите сфери на јавниот живот, официјално се користи во училиштата, болниците, административните канцеларии, војската и полицијата. во науката и уметноста. На него е создадена своја книжевна традиција, која има свои значајни достигнувања. Македонскиот јазик и македонската литература се изучуваат на голем број од најпрестижните универзитети во светот, од кои корист имаат не само граѓаните на Северна Македонија, туку и влијателната македонска дијаспора. Меѓународните договори се потпишани на македонски јазик, а другите 26 членки на ЕУ имплицитно признаваат дека по евентуалниот прием на Северна Македонија во ЕУ, овој јазик автоматски ќе стане еден од официјалните јазици на Унијата, се наведува и во документот.

Но, најважно, според бугарскиот дел од Клубот, е дека македонскиот јазик е мајчин јазик, веќе за генерации Македонци. За луѓето родени и израснати со него, тој е исто толку интимен, близок и свет како што е бугарскиот јазик за Бугарите.

-Тоа не може да им се одземе без нивниот идентитет да биде неправедно и навредливо погоден, сметаат од бугарскиот дел од Клубот.

Специфичната културна и егзистенцијална вкоренетост, универзалната функционалност и долгото историско постоење на македонскиот јазик го оневозможуваат тврдењето дека таков јазик не постои, дека е вештачки направен и едноставно е резултат на некаква „секундарна кодификација“, со што не се кажува ништо, тврдат авторите на ставот, затоа што секој литературен јазик стои на широка дијалектна основа и е поврзан со процеси на кодификација и стандардизација и нема критериум да се определи која кодификација е „примарна“, а која „секундарна“.

Затоа, бугарскиот дел од Клубот за бугарско-македонско пријателство во Бугарија ја смета за непотребна и контрапродуктивна декларацијата на бугарското Министерство за надворешни работи, со која македонскиот јазик „не се признава“. Ниту една литературна и јазична норма со која се идентификуваат илјадници, ако не и милиони луѓе, нема потреба од посебна дозвола за нејзиното постоење. Според бугарските претставници во Клубот за бугарско-македонско пријателство, ваквите јавни гестови ја оддалечуваат позицијата на бугарското Министерство за надворешни работи, но и на Бугарија, од вредностите на демократијата и меѓусебното почитување.

Неразбирливо за другите членки на ЕУ, декларацијата води само кон континуирана збунетост и кон изолација на Бугарија во ЕУ и на ниту еден начин не придонесува за интеграција на Западен Балкан. Доколку Република Северна Македонија биде прифатена како полноправна членка на ЕУ, тоа мора да се направи без навредливи термини за Македонците и неразбирливи аранжмани за другите членки на Унијата, се наведува уште во ставот. Според бугарскиот дел од Клубот за бугарско-македонско пријателство, поважно е континуираното политичко обединување на ЕУ во ситуација на војна и енергетска криза; историските и јазичните спорови мора да се остават на страна, што не значи дека ќе бидат напуштени. Но, погрешно е тие да ја диктираат политичката агенда, заклучуваат во изнесениот став бугарските членови на Клубот за бугарско – македонско пријателство.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ