• Latest
Studenti na univerzitet sveti kiril i metodija

Субвенциониран студентски оброк – финансиска мерка која поради зголемувањето на цените не се користеше само за купување здрави оброци

July 30, 2022

Старт на тридневната меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“

October 8, 2025

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Субвенциониран студентски оброк – финансиска мерка која поради зголемувањето на цените не се користеше само за купување здрави оброци

July 30, 2022 10:55
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Studenti na univerzitet sveti kiril i metodija

Studenti na univerzitet sveti kiril i metodija

Share on FacebookShare on Twitter

Месецов заврши последната исплата за субвенционираниот студентски оброк – финансиска мерка со која од изминатава академска година државата го збогати студентскиот буџет и која, како што најавија властите, има за цел да го унапреди студентскиот стандард и да им помогне на студентите во покривањето на трошоците за исхрана.

Со оваа мерка, студентите добиваа финансиска поддршка во износ од 120 денари за секој работен ден, односно околу 2.400 денари месечно, во текот на девет месеци во годината – средства наменети за купување на здрави оброци.

Но, како што подоцна покажа ситуацијата, пандемијата ги „помати“ плановите околу користењето на овие средства, па поради зголемувањето на цените на производите и укинувањето на ограничувањата околу тоа каде сè може да се плаќа, студентите, наместо за исхрана, парите ги користеа и за други намени. На крајот од денот, средствата од субвенционираниот студентски оброк беа и повеќе од добредојдени во скромниот студентски буџет во време на криза.

Иако Министерството за образование и наука (МОН) предвиде 40.000 студенти – корисници на оваа мерка, во академската 2021/22 година, субвенциониран студентски оброк им бил одобрен на 27.000 студенти. Право на користење на оваа мерка имаа сите редовни студенти на додипломски студии, запишани на државните и приватните високообразовни установи во земјава.

Субвенционираниот студентски оброк изминатава година го одбележаа неколку моменти. Иако првично усвоеното законско решение предвидуваше средствата да се користат исклучиво во угостителски објекти, со направената измена се овозможи студентите да плаќаат кај било кој трговец, со препорака средставата да бидат наменети за набавка на храна. Ваквата одлука, како што појаснија тогаш од МОН, била донесена поради ситуацијата со пандемијата, бидејќи беше неизвесно дали и на кој начин ќе работат угостителските објекти поради рестриктивните мерки, па на студентите им беше овозможено „оброците“ да ги обезбедуваат и од какви било продавници или маркети.

Студентите го искористија укинувањето на ограничувањата околу користењето на средствата од државата, па признаваа дека со парите наменети за здрави оброци, плаќале сметки, купувале облека или пак други производи.

На почетокот на воведувањето на мерката, на виделина излегоа и проблемите на електронскиот систем „е-услуги“ на МОН, па студентите се жалеа дека апликациите неоправдано им биле отфрлани, а во еден момент, МОН „по грешка“ упати известување до стотици студенти дека субвенционираниот оброк им се укинува, за што студентите реагираа на социјалните мрежи.

Неколку денови подоцна, повеќе студенти добиле и опомени пред тужба од страна на Министерството за образование, со кои од нив се бараше да ги вратат парите што по грешка им биле исплатени за субвенциониран студентски оброк.

Иако средствата беа најавени дека на трансакциските сметки на студентите ќе легнуваат секој прв работен ден во месецот, исплатата неретко доцнеше, а најмногу задоцни последната, која студентите ја добија дури на 15-ти месецов.

Иако беше најавено дека со овие субвенции студентите треба да купуваат здрави оброци, растот на цените на производите изминатава година покажа дека, сепак, студентскиот оброк нема да може да ја исполни својата намена.

Со ова се согласува и Ева Цветковска, претседателка на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, која во интервју за „Мета.мк“ рече дека износот на оваа финансиска помош е премногу мал.

„120 денари дневно за еден оброк во моменталните услови во кои што живееме се многу малку, особено ако институциите сакаат да нè поттикнат да купиме еден здрав оброк. Со оглед на тоа дека една салата е минимуим 250 до 300 денари, со 120 денари можеме да си купиме едно лиснато, кое според стандардите и не е толку здраво. Се надевам дека идните генерации ќе се борат за покачување на овој буџет“, изјави Цветковска.

Предлог за зголемување на износот на студентскиот оброк за 30 денари, односно на 150 денари дневно, пред неколку месеци имаше и во Собранието на Република Северна Македонија, кој на крај не помина меѓу пратениците.

„Мета.мк“ упати прашања и до Министерството за образование, за тоа дали од идната академска година може да се очекува зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк, како и дали ќе бидат воведени промени околу начинот на користење на овие средства.

Во краток одговор од МОН велат дека во моментов не се планираат промени на законот кој го регулира остварувањето на ова право, и додаваат дека, доколку во иднина бидат иницирани, јавноста ќе биде навремено известена.

Новиот повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за претстојната академска година се очекува да биде објавен во текот на следниот месец. Студентите за оваа мерка аплицираат електронски, со прикачување на неколку документи.

Финансиската помош на студентите им се исплаќа во периодот од 15 септември до 30 јуни, а за оваа намена МОН на годишно ниво обезбеди околу 15 милиони евра./ META

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ