• Latest

Од септември 720 образовни асистенти во основните училишта во земјава, наскоро ќе се објави оглас за нивно ангажирање

August 3, 2022

Старт на тридневната меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“

October 8, 2025

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Од септември 720 образовни асистенти во основните училишта во земјава, наскоро ќе се објави оглас за нивно ангажирање

August 3, 2022 18:17
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во новата учебна 2022-2023 година, ќе бидат ангажирани вкупно 720 образовни асистенти, а јавните огласи за пријавување на заинтересираните, во следните неколку денови ќе ги објават основните училишта со ресурсни центри кои воедно и се задолжени за спроведување на целата постапка за селекција, соопштуваат од Министерството за обарзование и наука.

Оттаму истакнуваат дека подигнувањето на степенот на инклузивност на националниот образовен систем е стратешки приоритет и клучна цел во програмата за работа на Министерството за образование и наука, кон која континуирано се насочуваат сé повеќе средства и активности во чија реализација се вклучуваат голем број општествени чинители.

-Во таа насока е воведена и услугата образовна асистенција како обврска на државата уредена со закон. Односно ангажирањето на образовни асистенти за учениците со попреченост кои следат настава во редовните основни училишта повеќе не е грижа и трошок за семејствата на учениците, истакнуваат од Министерството за образование и наука.

Од МОН соопштуваат дека минатата учебна година, биле ангажирани 500 образовни асистенти, од кои 260 во скопскиот, кумановскиот и полошкиот регион и 240 асистенти во други три региони, односно по 80 асистенти во вардарскиот, југоисточниот и пелагонискиот регион.

Согласно Правилникот за нормативот, описот на компетенциите и работните задачи на образовниот и личниот асистент, образовен асистент може да биде лице кое сестекнало со звање: специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог со завршено VII/1 степен т.е. VIA според македонската рамка на квалифкациии МРК или 240 ЕКТС, како и лице кое што ги исполнува условите за наставник воодделенска настава (VII/1 степен т.е. VI A според МРК или 240 ЕКТС), односно наставник во предметна настава (VII/1 степен т.е. VI A според МРК или 240 ЕКТС)

По конечниот избор, образовните асистенти се вработуваат во основните училишта со ресурсни центри, со месечен надомест и платени придонеси од задолжително социјално осигурување.

Министерството за образование и наука ги повикува сите граѓани со соодветно образование и со желба за работа со ученици со попреченост, да ги следат веб страниците на основните училишта со ресурсни центри и да се пријават на повикот од соодветното училиште за кое се заинтересирани.

-Во меѓувреме, МОН продолжува со преземање и на други чекори за подобрување на пристапноста и достапноста на образовниот систем за учениците со попреченост, преку континуирани инвестиции како во инфраструктурата и набавката на дидактички помагала, така и во обука и професионален развој на веќе ангажираниот наставен кадар и стручни соработници, велат од МОН.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ