Двајца албански војници се повредени во расправија со двајца руски државјани и еден Украинец, кои се обиделе да влезат во воен објект во централна Албанија, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на земјата, пренесува Дојче Веле.
„Тројца граѓани со руски и украински пасош се обиделе да влезат во фабриката. Полицајците кои ја обезбедуваа фабриката веднаш реагираа, но при нивните напори да ги спречат тројцата странски државјани, двајца наши војници беа повредени“, се додававо соопштението.
Сите тројца странски државјани се приведени. Властите соопштија дека воената полиција, заедно со разузнавачките и антитерористичките агенции, се упатиле на местото на настанот за да го истражат инцидентот.
Албанскиот премиер Еди Рама рече дека трите лица кои се уапсени се „осомничени за шпионажа“. Еден од уапсените, 24-годишен руски државјанин, идентификуван со иницијалите М.З., се обидел да ја фотографира фабриката Грамш, која се користи за демонтирање на запуштено оружје. Човекот употребил еден вид спреј врз војниците додека се обидувал да избегне фаќање откако бил фатен и запрен од стражарите во фабриката. Другиот руски државјанин е 33-годишна жена, а Украинецот има 25 години, пренесува Дојче Веле.












