• Latest

Мицотакис до Ердоган: Силеџиство јок со Грција

September 11, 2022
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Мицотакис до Ердоган: Силеџиство јок со Грција

September 11, 2022 09:42
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Под слоганот „Конзистентност, континуитет, стабилност“, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, синоќа говореше на отворањето на 86-от Меѓународен саем, осврнувајќи се низа теми меѓу кои надворешната политика и упатувајќи остра порака до турскиот претседател, го коментираше ставот на Русија, уште еднаш ја отфрли можноста за предвремени избори во земјата, а соопшти и 21 иницијатива за поддршка на граѓаните, односно пакет мерки во висина од 5,5 милијарди евра, јави дописничката на МИА од Атина.

За грчко –турските односи рече дека Грција, „на провокативното крешендо на Турција“ одговара со зајакнувањето на армијата, со градењето меѓународни сојузништва, со посветеноста на меѓународното право, но и единството на народот и упати остра порака до претседателот на Турција, употребувајќи ја грчката верзија од турскиот збор „кабадаија“.

На заканите што доаѓаат од другата страна од Егејското море, одговор дава еден грчки збор што ја собира целата сила на нашата нација: Не, господине Ердоган. И да го кажам на јазикот што подобро го разбира: Силеџиство јок со Грција, порача Мицотакис, а конкретната изјава предизвика аплаузи и овации од присутните во салата.

Коментирајќи го ставот на Русија, грчкиот премиер истакна дека „Москва се стреми кон дестабилизација на западните влади“ и „сака енергетската несигурност да ја претвори во европска политичка нестабилност“.

Поголемиот дел од говорот што траеше 75 минути, Мицотакис го посвети на новите владини мерки за поддршка на граѓаните и бизнисите во висина од 5,5 милијарди евра.

Презентираше 21 иницијатива, односно осум мерки што веднаш стапуваат во сила и 12 на почетокот на 2023 година.

Меѓу мерките што веднаш ќе се спроведат се и исплата на додаток од 250 евра во декември за 2.300.000 граѓани, кои припаѓаат на ранливите категории; зголемување на студентскиот станбен додаток од 1.000 на 1.500 евра; проширување на додатокот за греење; вонредни субвенции за земјоделците; проширување на програмата за замена на стари уреди за домаќинството; проширување на програмата туризам за сите; намалување на придонесите за осигурување за компаниите кои привремено вработените, ќе ги вработат со полно работно време.

За следната година, како што соопшти Мицотакис, меѓу мерките се и се укинување на постоечка такси за граѓаните, намалување на одредени придонеси за осигурување, зголемување на пензиите на конкретна група пензионери, ново зголемување на минималната плата, зголемување на платите на лекарите во државните болници, а ќе се воведе и програма со поволности за станбен кредит за младите до 39 години итн.

На почетокот на говорот Мицотакис рече дека по четврти пат на саемот говори како премиер, истакна дека следните месеци се предизборни и се осврна на она што го најавил како владини иницијативи во 2019 година кога за прв пат како премиер говореше на Саемот, но и уште еднаш истакна дека изборите ќе се одржат на крајот од четиригодишниот мандат.

Меѓународниот саем во Солун се одржува традиционално секоја година во септември и е домаќин на странски изложувачи, учество на земји од целиот свет, странски и домашни политичари и слично, а официјалното отворање е со говор на премиерот на Грција, кој ја соопштува владината програма и следните планови.

Саемот ќе трае до 18 септември, а следниот викенд говор и прес конференција ќе одржи лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ